Дивоградбата пред „Мавровка“ е една од првите работи на новата влада, ветува Заев

Кои да бидат следните чекори во справување со ковид-кризата и паѓање на дивоградбата пред „Мавровка“ се едни од првите работи со кои ќе се фати новата влада, најави мандатарот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на Македонска Каменица.

„Прво треба да се зафатиме со новите чекори во врска со ковид-кризата, тоа значи прво образованието и детските градинки, развојот на четвртиот пакет на мерки кои верувам со новиот министер за финансии и со другите економски ресори, синдикатите, работодавците ќе ги развиеме. Една од првите работи е и да падне објектот пред ’Мавровка‘ затоа што е дивоградба и ќе направиме се како влада, да разработивме идеи и верувам дека ќе ги утврдиме заедно со правните прописи“, изјави Заев.

Меѓу првите чекори на новата влада, најави лидерот на СДСМ е да ги обноват и да се донесат законите кои не ги донесе претходниот собраниски состав поради распуштањето.