Дизелот поскапува од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги  донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31% во однос на одлуката од 21.8.2023 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,039 ден/кг и сега ќе изнесува 46,064 ден/кг.

Од 30.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,064 (денари/килограм)