Дизелот поскапува за 2,5 денари, бензините со стара цена

    Ново поскапување на дизелот почнува од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергија и води услуги. Од утре, малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за 2,5 денари и ќе изнесува 104,5 денари за литар, што е рекордна цена.

    Цените на бензините остануваат непроменети, односно Еуросупер 98 ќе се продава по 112 денари за литар, а Еуросупер 95 за 110 денари по литар.

    Иста останува и цената на мазутот 55,5 денари, додека цената на екстра лесното масло се зголемува за 3 денари и ќе изнесува 102,5 денари по литар.

    Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.