Дизни: Принуден неплатен одмор за дел од вработените

Дизни привремено ослободи дел од своите вработени во САД. Не е јасно колку точно луѓе се опфатени со одлуката и колку ќе трае неплатениот одмор, пренесе „Волстрит журнал”.

Принудниот одмор почнува на 19 април, при што луѓето ќе можат сѐ уште да го користат здравственото осигурување, како и обесштетувањата поради кризата.

Претходно компанијата соопшти дека извршните директори Боб Игер и Боб Чапек си ги намалиле платите. Намалувањето на приходите се должи, пред сѐ, на затворањето на забавните паркови Дизниленд во Калифорнија и Дизниворлд Рисорт во Флорида поради распространувањето на коронавирусот. Првично, се очекуваше работата на парковите да продолжи кон крајот на март, но вонредната состојба сѐ уште трае.

Веднаш потоа, акциите на компанијата паднаа за 8,5 отсто.