Сосема неочекувано, Ѓорѓевиќ ја нападна ФИБА и судењето на Евробаскетот, особено во последните два меча во кои Србија не само што остана без титула, туку и без медал, па низ додатни квалификации ќе се бори за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Нашите противници не се само на теренот и ние во иднина мораме да бидеме подготвени за тоа. Она што се случуваше откако ја поминавме групната фаза на Евробаскетот влијаеше на нашиот резултат и менталниот склоп. Ние во буџетот имаме околу два милиони евра и со нив малку можеме да направиме на планот на односот на интернационалното ниво со ФИБА и судиските организации.
Уште на првиот натпревар намерно добив техничка грешка бидејќи видов што ни се подготвува и зашто не не сакаат во натпреварите за медал. Србија има волја, желба и сила, но што европската кошарка има од една мала земја на финансиски и маркетиншки план? Ние од понеделник ги почнуваме подготовките за пласман на Олимписките игри во Рио и знаеме дека не треба да се бориме само на теренот, туку и надвор од него, изјави Ѓорѓевиќ.
Српската репрезентација е една од петте кои обезбедија пласман на квалификациите за Олимписките игри преку Европското првенство. Дури, Кошаркарскиот сојуз на оваа земја најави дека ќе се кандидира за органзиација на еден од трите квалификациски турнири.