Дјурант оди во Бруклин Нетс

Американската кошаркарска ѕвезда Кевин Дјурант во неделата објави дека ги напушта Голден Стејт Вориорс, на кои им се приклучи во 2016 година, и минува во тимот на Бруклин Нетс.

Триесетгодишниот Дјурант веста ја објави на социјалните мрежи само неколку секунди по официјалното отворање на преодниот рок во НБА лигата. Тој веројатно ќе пропушти поголем дел од сезоната 2019/2020, а можеби дури и целата сезона, поради повредата на Ахиловата тетива со којашто се здоби во петтиот натпревар во финалето против Торонто Репторс.

И пред самата објавата на Дјурант, новнинарот ESPN Едријан Војнаровски објави дека МВП финалето 2017 и 2018 ќе потпише со Нетс четиригодишен договор во износ од 164 милиони долари.

Според медиумските натписи, Нетс ќе го доведат Кајри Ирвинг, исто така, на четири години за 141 милион долари, како и Деандре Џордан.

Кога станува збор за Дјурант кој сега е слободен игра, освен Бруклин Нетс, тој го разгледуваше и заминувањето во Лос Анџелес Клиперс, Њујорк Никс, како и останување во Голден Стејт Вориорс. Весникот The New York Times, пишува дека Вориорс планирале да му понудат на Дјурант 221 милиони долари на пет години.

Дјурант, кој десет пати беше избиран во Ол-стар тимот, минатата сезона имаше просек од 26 коша, 6,4 скокови и 5,9 асистенции во 78 натпревари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.