ДКСК е параван за криминогени дејства, вели Стоилковски

Стани Билјано Ивановска оди си! Всушност, ДКСК најави дека до нова година ништо нема да сработи! Немала софтвер, чуда, не и пријавувале… Па за што си таму Ивановска, да ја переш владата, демек има тело? ВМРО-ДПМНЕ исто така нема софтвер, ниту ЕУ пари за софтвер, ниту владата ја известува, ниту генералниот секретар на владата, ниту министерката, ниту Собранието, стои во Фејсбук статусот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој напиша дека ВМРО-ДПМНЕ само сега „улови” 123 лица за кои одговорноста е кај Билјана Ивановска.

– Ти даде уште стотици предмети што ги чуваш во фиока. Јавно те прозиваше за објекти кои ги немаше во анкетни листови.
Едноставна е формулата, САМО ТРЕБА ДА СЕ САКА ДА СЕ РАБОТИ! Ниту е до софтверот, ниту е до екипираноста! Ама пустото мораше да ги переш Заев, Филипче, вработувањата во М-НАВ… Јасно е: ДКСК СО БИЛЈАНА ИВАНОВСКА И БАЏАНАКОТ НА ТАЉАТ ЏАФЕРИ НЕ ПОСТАПУВААТ! Тие се параван за криминогени дејства! А , да И ТЕНДЕРАШКО Е ОТКРИЕН ОД ВМРО, а се приклучи само откако доби некаков “божји знак”! Како што реков Билјана Ивановска ќе рече “немаме капацитети” и обвини други, додава Стоилковски во својата објава.