ДКСК препорачува врховните судии да не одлучуваат сами за себе

24
ДКСК констатира судир на интереси кај три лица
ДКСК констатира судир на интереси кај три лица

Деветмина врховни судии за кои е отворена постапка за разрешување да не помислуваат да носат одлука во своја корист, предупредуваат од Антикорупциската комисија до која стигнале гласините.

Двајца адвокати Анита Бегова, бранителката на Латас и Ѓоко Шајн побарале судиите од врховен да му наложат на Судскиот совет да работи по новиот закон за Судови и за Судски совет. Со други зборови, истите судии кои треба да се разрешуваат ќе гласаат, Судскиот совет за нив да носи одлуки по поблагиот закон. За ДКСК е неприфатливо ова, им порача да се изземат од седницата бидејќи тие имаат личен интерес.

„Доколку, судиите од Врховниот суд против кои се отворени постапки во Судскиот совет за разрешување од функциите, ќе го прикријаат постоењето на приватниот интерес и не постапат согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, што, претставува повреда на должноста, согласно истиот закон, ова е основа за покренување постапка за утврдување на одговорност и изрекување на мерки“, велат од ДКСК.

Судскиот совет денеска имаше седница, но претседателот Киро Здравев не сакаше да даде изјава на оваа тема. И неговиот став е дека судиите кои се на тапет на советот немаат право да решаваат по барањето за начелно правно мислење. За сега нема одговор од Врховниот за кога е закажана спорната седница и кој се ќе присуствува на неа. Инаку меѓу деветмината судии има од оние кои со совите одлуки овозможија бизнисменот Сеад Кочан да избега од земјава. За нив е покрената постапка за разрешување а меѓу нив е и претседателот Јово Вангеловски. Од друга страна, сега се отвора уште една контрадикторност во новите закони.  Доколку советот ги разреши од врховни судии, тие би можеле да се жалат само пред истиот – Врховниот суд.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.