Постои основано сомневање за партиско влијание од СДСМ за вработување на поранешните градоначалници на СДСМ во МВР во 2021.
Државната комисија за сперчување на корупцијата (ДКСК) донесе длука (на 12 април 2023 г.) по поствено новинарско прашање за вработување на поранешни градоначалнци и кандидати за градоначалници на локалните зибори во 2021 година од СДСМ во МВР, како и вработување на блиско лице на службено лица во Собранието се запира.
„ДКСК утврди дека дел од наводите од пставеното новинарско прашање се потврдуваат, но согласно со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК нема надлежност за преземање други мерки за натамошно постапување“, се истакнува во одлуката на Антикорупциска сообразложение дека актите за организација и систематизација на работните места во МВР се класифицирани, пракса е во МВР вработувањата да се вршат по член 76 од Законот за внатрешни работи, без објава на јавен оглас.
Според ДКСК, ваквиот принцип на ангажмани во МВР созадава простор за влијанија при вработување, состојба на непотизам, клиентелизам и кронизам, создава услови за недоследна примена на здрваствените и безбедносните проверки, ги нарушува основните уставни права на граѓаните
Исто така ДКСК изрази дека постои основано сомневање за влијание од пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски за вработување на сопругата во МНР и непријавување на вработувањето во ДКСК за што истиот платил глоба од 300 до 500 евра и приложил уплатница во ДКСК.
Но, констатира, поради тоа што нема конкуренција и пријави од други кандидати, Државната комисија не е во можност за натамошно постапување и преземање мерки кон наведените лица.
Ќе потсетиме дека портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на 12 септември минатата година излезе со информација дека сопругата на пратеникот и локален функционер на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, од јули е вработена во Министерството за надворешни работи. Претходно, 24-годишната сопруга работела во администрацијата на Општина Куманово.
„Продолжувам со серијата „неопходни вработувања“ на миленици и партиски функционери на антимакедонската СДС. Нововработена во МНР од неодамна е и Ивана Костовска, сопруга на пратеникот на антимакедонската СДС Мартин Костовски. Костовска веројатно била неопходен кадар, па затоа МНР на Бујар Османи ја има преземено од друга институција! Преземањето, најверојатно, е од администрацијата на Општина Куманово, и тоа во јули годинава!“, тврдеше Стоилковски.
Гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ тогаш праша која е неопходноста во МНР да се превземе кадар како што е сопругата на кумановскиот пратеник.