Дневен хороскоп (01.04.2014)

Овен

Партнерот постојано се буни, но не може да ве остави. Можно е да се одложи почетокот на соработката со некоја странска фирма. Здравјето ви е добро.

Бик

Големата страст во љубовта ги решава сите проблеми. Подгответе се на зголемени трошоци поврзани со одредени документи. Немате проблеми со здравјето.

Близнаци

Партнерот ја очекува вашата финансиска помош. Не сте во тек со сите настани на полето на кариерата. Многу подобро се чувствувате.

Рак

Во љубовта се’ уште е нестабилно. Надминете ги несогласувањата со колегите и бидете дел од тимот. Здравјето ви е одлично.

Лав

На емотивен план е стабилно. Очекуваното унапредување може да ви избега од рацете. Направете контрола на крвната слика.

Девица

Обидете се со мирен тон на партнерот да му укажете на грешките. На работа во овој момент сте задоволни, а можни се помали трошоци. Здравјето ви е добро.

Вага

Прифатете совет од близок пријател. Некој ќе се обиде вината и одговорноста да ви ги намести на вас. Некој страв веќе подолго време ве измачува.

Скорпија

Трудете се да остварите хармоничен однос. Во предност сте во однос на другите, но тоа не умеете да го искористите. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Во овој момент малку повеќе го запоставувате партнерот. Можна е криза на полето на кариерата. Финансиите ќе ви бидат нестабилни до петок. Не е лошо да внесувате малку повеќе витамини.

Јарец

Подготвени сте на партнерот да му ги простите грешките. Бидете трпеливи уште некое време. Со сигурни чекори се движите кон успехот. Можна е зголемена нервоза.

Водолија

Повремено се сомневате во верноста на партнерот. Постои можност да добиете добра деловна понуда. Внимателно бидејќи може да настинете.

Риби

Партнерот трпеливо ги чека своите пет минути. Одложете ја продажбата на недвижен имот на некое време. Можни се и некои непланирани трошоци. Здравјето ви е добро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.