Дневен хороскоп (03.02.2014)

Овен

Партнерот се’ уште се соочува со некои свои грижи. Денеска ќе бидете полни со позитивна енергија и желба за докажување. Здравјето ви е добро.

Бик

Емотивно сте задоволни, но и принудени да чекате. Не започнувајте ништо на работа доколку не сте сигурни дека ја правите вистинската работа. Здравјето ви е чувствително.

Близнаци

Кога нешто ќе ветите треба тоа и да го исполните. Имате фантастични идеи, но сте бавни и несигурни. Здравјето ви е добро, но често ве мачи несоница.

Рак

Лошата финансиска ситуација влијае на вашиот однос со партнерот. Покажете поголема иницијатива за деловните активности во однос на другите. Можна е главоболка.

Лав

Нечие присуство на работа посебно ви одговара. Не сте расположени да ги слушате туѓите расправии, но некогаш е неизбежно. Здравјето ви е добро.

Девица

Моментално ви е најважна емотивната стабилност. Имате повеќе обврски, а се’ повеќе сакате да се повлечете и да се одморите од се’. Одлично се чувствувате.

Вага

Партнерот ќе биде иницијатор за средба и важен разговор. Доколку се прилагодите на промените, нема да се соочите со проблеми. Здравјето ќе ви биде чувствително.

Скорпија

Се’ уште се чувствуваат проблеми на љубовното поле. На работа не ви одговараат многу работи, но нема да имате подобра понуда. Здравјето ви е полошо.

Стрелец

Размислувате да се сретнете со личност која веќе е зафатена. На полето на кариерата се можни чести осцилации, но успехот ќе биде сигурен. Бидете умерени во се’.

Јарец

Ќе се обидете да ги урамнотежите работата и љубовниот живот. Успехот просто се движи кон вас, но заедно со него и поголемата одговорност. Здравјето ќе ви биде добро.

Водолија

Следните два дена ќе ви бидат убави во љубовта. Внимателно планирајте ги следните потези бидејќи од тоа ќе ви зависи финансиската ситуација. Немате проблеми со здравјето.

Риби

Ви одговара приврзаноста и вниманието на партнерот. Покрај него се чувствувате сигурно. Не очекувајте ја планираната заработка. Здравјето ќе ви биде добро.