Дневен хороскоп (10.01.2014)

69

Овен

Во љубовта ве очекуваат многу подеми и падови. Успехот во работата ќе го постигнете благодарение на една жена. Финансиите ви се стабилно. Кога е здравјето во прашање бидете внимателни посебно на грлото.

Бик

Партнерот нема доволно разбирање за вас. Неопходно е да се прилагодувате на новите трендови на работното место. Ќе добиете на сигурен прилив на пари. Здравјето ви е добро.

Близнаци

Ви претстои средба со личност која одамна не сте ја виделе. Сите недоразбирања ќе ги решите на мирен начин. Имате повеќе енергија за да го поминете денот.

Рак

Од партнерот ќе добиете подарок кој што ќе има трајна вредност. Нагласениот успех во јавните и партнерските односи. Здравјето ви е добро.

Лав

Убавите спомени на една личност често ве растажуваат. Егото, кога станува збор за работата, ви е разнишано, но сите коцки ќе си дојдат на свое место. Здравјето ви е добро.

Девица

Емотивната исполнетост ви ги олеснува проблемите. Кога е работата во прашање подготвени сте на се’ за да дојдете до целта и да успеете без многу борба. Здравјето ви е добро.

Вага

Посебно уживате во вниманието на еден пријател. Од потезите што ќе ги повлечете сега ќе ви зависи иднината. Здравјето ви е одлично.

Скорпија

Се разбудија чувствата кон една личност, па почнувате да кроите сериозни планови. Ќе имате шанса за голем успех. Немојте да се грижите за здравјето бидејќи ви е добро.

Стрелец

Не губете го времето, туку изберете ја вистинската личност за себе. Работата ќе ви донесе заработка и поголем прилив на пари. Здравјето ви е подобро за разлика од претходните денови.

Јарец

Препуштете и’ се на среќата без никаков страв, бидејќи ви е на дофат на раката. Ви претстојат неколку поволни денови за напредок. Здравјето ви е одлично.

Водолија

Многу сте нетрпеливи, додека партнерот му одговара да одите полека. Не е се’ загубено доколку сте подготвени да соработувате со вистинските луѓе. Здравјето ви е одлично.

Риби

Станувате свесни дека покрај себе ја имате вистинската личност. Разговарајте само со луѓето во кои што имате целосна доверба. Здравјето ви е добро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.