Дневен хороскоп (13.01.2014)

Овен

Потребно е повеќе да работите на меѓусебната доверба. Очекувајте пречки кога станува збор за работата. Најдобро би било малку да се смирите до утре. Можни се проблеми со стомакот.

Бик

Ви пречи тоа што партнерот постојано ве проверува, но има и причина за тоа. Популарноста во деловните кругови не престанува. Здравјето ви е добро.

Близнаци

Имате заблуди кои што емотивно ви пречат. На работа некоја личност се претставува како успешна и добра за соработка, но реалноста е поинаква. Здравјето ви е добро.

Рак

Можете да бидете спокојни. Се’ е онака како што посакувате. Полесно ви е кога на работа луѓето ве сакаат и поддржуваат. Подобрете ги односите со колегите. Засега добро се чувствувате.

Лав

Флертот нема да ви ја исполни празнината која што ја чувствувате. Не преземајте работи за кои што не сте добро обучени. Препорачливо е повеќе да се движите.

Девица

Во љубовта се’ уште е убаво и стабилно. Денеска на работа почитувајте ги мислењата на постарите и поискусни колеги. Финансиската ситуација е солидна. Можна е силна главоболка.

Вага

Доколку сте слободни, не започнувајте нова врска во следните денови. Првиот работен ден ќе го одбележат многу неочекувани работи. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Љубоморни сте повеќе од вообичаено. На полето на работата ќе ги остварите плановите, но со мало задоцнување. Минлива е финансиската криза. Здравјето ви е добро.

Стрелец

На повидок се интересни пријателства. Насочени сте кон парите, но доколку бидете алчни, среќата ќе ви го заврти грбот. Здравјето ви е одлично.

Јарец

На партнерот понекогаш му пречи вашата конзервативност. На работа е најдобро да го контролирате своето однесување за да избегнете расправии. Немате проблеми кога здравјето е во прашање.

Водолија

Доколку ви е важен партнерот, тогаш немојте да се поигрувате со него. Си ја сакате работата, но чувствувате дека сте преморени и презаситени. Здравјето ви е добро.

Риби

Партнерот се’ повеќе ве изненадува со неговите коментари. Работа имате, но немате пари колку што ви е потребно. Можни се проблеми со нозете.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.