Дневен хороскоп (13.02.2014)

Овен

Можно е да се роди љубов со личност со која работите. Ве очекува интересен ден полн со убави изненадувања. Здравјето ви е постабилно.

Бик

Во љубовта се’ е по старо. На работното место решивте многу проблеми, само потребно е уште финансиите да ви се стабилизираат. Здравјето ви е чувствително, но ќе се чувствувате подобро.

Близнаци

Ви претстои интересна средба во некој клуб или ресторан. Успехот во работата ќе биде половичен, па ќе мора повеќе да се трудите. Чувствителен ќе ви биде долниот дел од нозете.

Рак

Партнерот ви е посебно посветен. Самодовербата ви е се’ поголема, па ништо нема да може да ве запре. Немате посебни проблеми со здравјето.

Лав

Ја имате целосната поддршка од партнерот за се’ што планирате. Немојте да дозволите суетата да завладее со вас, туку само изборете се со конкуренцијата. Немате посебни проблеми со здравјето.

Девица

Ќе имате повеќе причини за задоволство. При крај ви се нервите бидејќи нештата не се одвиваат во посакуваната насока. Можна е зголемена нервоза.

Вага

Пријателството може да прерасне во љубов, па вие одлучете што е подобро. Упорноста ќе се исплати, па успехот ќе биде сигурен. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Приредете му нешто убаво на партнерот. Не ви е потребен дрвен адвокат, бидејќи сами може да се изборите со проблемите. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Имате потреба повеќе да се дружите и да се забавувате, но не сте за ништо сериозно. Кога станува збор за работата чувствувате повеќе оптимизам и имате повеќе идеи. Здравјето ви е добро.

Јарец

Сконцентрирајте се на партнерот. Доколку сакате да се подобри ситуацијата на работа, поработете малку на маркетингот. Немате посебни проблеми со здравјето.

Водолија

Една личност која е на пат постојано мисли на вас. На полето на кариерата во овој момент го достигнувате врвот, по што ќе следи солиден успех. Здравјето ви е стабилно.

Риби

Потрудете се малку повеќе околу партнерот. Немојте да изиграте нечија доверба и кажете го она што не би смееле. Здравјето ви е добро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.