Дневен хороскоп

 ОВЕН

Од вас се бара промена, со која што нешто ќе добиете, но и ќе изгубите. Барате награда. Она што го посакувате е речиси на дофат, но имајте предвид да не ве залажуваат илузорните желби и работи. Денес е предизвик да одбиете да дојдете до брза награда.

БИК

Од вас се бара да се ориентирате – не може да се движите во повеќе правци одеднаш. Одберете едно нешто што одговара според вашиот афинитет и зачекорете кон тоа бескомпромисно. Успехот им доаѓа на оние луѓе кои ќе се заземат самите за себе.

БЛИЗНАЦИ

Месечината во вашиот знак чини да се чувствувате експонирано – чувството за срамежливост е да се обидете со нешто сосема свое пред да го објавите тоа во светот. Во секоја приказна ќе се појават две страни, но една сепак ќе остане сокриена од видното поле.

РАК

Тестови и испити – најдобар начин да поминете низ сè е да не го држите здивот, туку сепак да дишете, без оглед на тоа околу вас. Кашлајте, викнете силно, како некој уметник кој се спрема за на сцената. Тоа ќе ви овозможи природна релаксација и здив. Лажни заслуги.

ЛАВ

Трансмисија – денес учите преку набљудување, а подучувате со сопствените дела. Комуникацијата доаѓа во фокус и сега е добро да побарате помош, бидејќи така е исправно. Можеби сè уште треба да чекате, но отстранете го отпорот при чекањето. Идеи.

ДЕВИЦА

Бидете задоволни со она што го имате. Кога постои радост, нема потреба за покажување, ниту да се бара среќата на друга страна – таа е веќе дома со вас. Доколку некои работи се нејасни, најдете начин јасно да комуницирате и разберете се со останатите.

ВАГА

Соголете сè – кажувањето на целата приказна со време ќе ја експонира вистината, а во областа на договорите, ставете сè на хартија. Информацијата која ви фали можеби е заметната, завиткана или потпикната. Погледнете со нова перспектива за нов увид.

СКОРПИЈА

Прифатете ги другите без оглед на пол, раса, боја или етикета. Толеранцијата е начин да се врати радоста во животот. Неуспешната комуникација е блок сега. Запамтете дека најмудро е разумно да разјасните сè, за да може да продолжите напред. Откриени тајни.

СТРЕЛЕЦ

Благослови од ведро небо – нерезервираното признавање и поддршка се круцијални за сите човечки суштества. Тоа е безизборен избор – да се даде благослов или клетва. Секако вие филозофски инклинирате кон првото. Акцент на партнерските односи.

ЈАРЕЦ

Вие сте личност која е водена според распореди и сега привремено одмарате, но време е за акција. Бидете спремни да се соберете и продолжите напред. После секој одмор мора да се продолжи, а бидете водени од светли мисли и свежи идеи. Тоа е новото мото.

ВОДОЛИЈА

Доколку сте под тензија и напнати, не донесувајте важни одлуки, повлечете се. Колку повеќе ќе се трудите, толку повеќе ќе заглавите во негативност. Но доколку се наштимате и бидете весели, сè ќе биде во ред. Опуштени, убави и комуникативни – така успевате.

РИБИ

Обрнете внимание на стандардите за јавно презентирање – општествен статус, манири и изглед. Можеби сè уште има блокади, но и тие се корисни во растењето и зреењето. Засега е потребна трпеливост. Успехот е можен само преку непријатности. Чекајте.