Дневен хороскоп (16.12.2013)

Овен

На работа вашата креативност ќе ги надмине границите, па очекувајте награда од својот шеф. Одредени пријателства се доведени во прашање. Со своите способност може да освоите било која личност.

Бик

Во вашето најблиско окружување имате личност која многу ви помага, но се обидува постојано да ве контролира. Доколку ви се укаже прилика, слободно кажете што ви пречи. На љубовен план ќе биде напнато.

Близнаци

Неделата ќе ја започнете со почувствително здравје од вообичаено. Поради околностите бидете смирени. Немојте да се брзате, да паничите и чудно реагирате. Поволен ден за учење и полагање испит.

Рак

Кога нешто ќе кажете, бидете доследни за да сфатите дека сте сериозни и одговорни. Изгледате без самодоверба иако во суштина не е така. Во врската ви е убаво, но повремено се можни расправии.

Лав

Имате јасна цел пред себе и знаете како да дојдете до истата само околностите не ви се наклонети во секој момент. Денеска ќе имате прилика од шефот да побарате зголемување на платата. Здравјето ви е добро.

Девица

Денеска ќе започнете разговор со колегите кој нема да заврши најдобро. Постои можност да дојде до судир, посебно доколку работите повеќе со жени. Одложете ги плановите за купување нов автомобил.

Вага

На работа сите ќе бидат напнати. На моменти како да губите надеж кога е емотивниот живот во прашање, а тоа е погрешно. Мора малку да држите до себе, а ќе ги намалите очекувањата и се’ ќе биде во ред.

Скорпија

На работа сте амбициозни и сакате да бидете пред сите, но мора уште малку да се потрудите. Финансиски зависите од семејството. Комуникацијата со паертнерот е полоша за разлика од претходните неколку дена. Здравјето ви е солидно.

Јарец

Доколку дојде до разговор со надредените, не треба да се грижите. Ќе имате поддршка. Иако досега близу сте биле воздржани во покажувањето емоции, денеска нема да го прекриете она што го чувствувате.

Водолија

Расположението на работа ќе биде позитивно, а вие имате моќ за сите видови на преговори. Малку ласкање и ќе се најдете пред посакуваната цел. Финансиите ви се солидни. Партнерот ќе ве преплави со нежни зборови.

Риби

Полето на кариерата е стабилно. Во позиција сте да уживате во слободата на изразувањето, а имате поддршка и од шефот. Заработката ќе зависи само од обемот на работата. Малку ви е здодевно во врската.