Дневен хороскоп (18.02.2014)

Овен

Не го истурајте бесот на партнерот. Се’ може да се среди на мирен и едноставен начин. Малку потпирајте се на другите, но повеќе на себе. Здравјето ви е чувствително.

Бик

Во љубовта ве очекуваат нови предизвици. Ви претстојат неочекувани проблеми кои може да значат и загуба на работното место. Минлива е кризата со здравјето.

Близнаци

Можна е мала љубомора и недоверба во врската. Сите пречки на кои што наидувате се плод на вашата лична несигурност. Здравјето ви е чувствително.

Рак

На емотивен план се’ ќе биде добро. Денеска главна задача ќе ви биде да одржувате сосема коректни односи со сите. Ќе се чувствувате физички исцрпени.

Лав

Можни се љубовни проблеми, бидејќи почнувате да го губите интересот за партнерот. Можни се извесни недоразбирања со колегите поради одредени ставови. Здравјето ви е променливо.

Девица

Се’ е по старо во љубовта. Погрешно постапувате, па затоа престанете да се буните доколку немате резервна деловна варијанта. Нозете ќе ви бидат посебно чувствителни.

Вага

Некој мора прв да попушти поради обострано задоволство. На полето на кариерата се’ е како што треба и како што посакувате. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Оптимизмот полека ве напушта. Немате доволно доверба во партнерот. Потребно е да бидете флексибилни и да гледате од поширок агол. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Имате чувство дека партнерот лаже и не знаете како да се однесувате. На полето на финансиите се’ уште не е стабилно. Но, тука е помошта од пријателите. Здравјето ќе ви биде нестабилно.

Јарец

Имате чувство дека некој си поигрува со вас. Погрешните финансиски проценки ќе ви создадат проблеми кои што не можете брзо и лесно да ги решите.

Водолија

Убавото дружење може да заврши со расправија. Денеска нема да имате волја за работа, но сепак ќе бидете активни. Финансиите ви се стабилни.

Риби

Денеска е неповолен ден за љубов. Ќе добиете интересна понуда од постара личност, но внимателно разгедајте ги условите. Здравјето ќе ви биде чувствително.