Дневен хороскоп (19.11.2022)

ОВЕН

Со арогантен однос ја иритирате околината која има се помалку трпение за вашите гафови. Доколку не се извлечете на време, во текот на денот може да доживеете многу непријатна ситуација која ќе ве засрами. Забавете и прилагодете ја брзината.

БИК

Обврските трпат затоа што не сте фокусирани. Во мислите сте далеку бидејќи однапред планирате активности, чија реализација е се уште далеку. За да направите нешто конкретно, треба темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со мечтаење.

БЛИЗНАЦИ

Негативната енергија што ја активирате се собира околу вас. Ви се чини дека околината ве исцрпува, а вие го игнорирате фактот дека ги оптоварувате со вашето досадување. Не заборавајте, она што го добивате е пропорционално со она што го давате.

РАК

Добивате покана активно да се вклучите во проекти кои се развиваат во вашето деловно опкружување. Од вас се очекува да бидете пионер во почетоците на нов вид на бизнис и поради некоја причина чувствувате дека тоа не е добро за вас. Слушајте ја вашата интуиција, повлечете се.

ЛАВ

Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте да се жртвувате, но длабоко во себе чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте сè при срце.

ДЕВИЦА

Им дозволувате на вашите финансии да го диктираат вашето расположение и динамиката на гледање со луѓето за кои се грижите. Ако ги игнорирате проблемите со парите, ќе разберете дека дебел паричник не е неопходен за дружење и пријатни неформални разговори.

ВАГА

Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па големи се шансите да заработите од тоа. Сепак, за да постигнете некои поголеми цели, ќе треба да жртвувате нешто, а најверојатно тоа е нешто поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.

СКОРПИЈА

Аспектите ви носат прилив на енергија што ви недостигаше во изминатиот период. За жал, во исто време пристигнуваат и нови обврски кои ќе ја засенат сета убавина од овој период. Пред вас е напорна работа за која нема да ја добиете очекуваната награда.

СТРЕЛЕЦ

Не сте во форма, а имате премногу работа. Не сте во можност да одговорите на сите обврски, што може да предизвика целосен пад на енергијата и колапс. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете сѐ што може да чека поповолен момент.

ЈАРЕЦ

Непланираните трошоци целосно ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирате зошто, иако сте преморени, не можете финансиски да врзете крај со крај. Проблемот не е малиот прилив на пари, туку вашето претходно трошење.

ВОДОЛИЈА

На љубовен план се проектира и мечтаењето кое ве обзема. Слезете на земја, поради изразените промени на расположението сте почувствителни, што може да ги искомплицира врските и веќе разнишаната врска, да ве доведе во тешко искушение.

РИБА

Намалете ја вашата нетрпеливост и импулсивност на минимум за да избегнете повеќе проблеми. Си давате слобода да барате кредит што не сте го заработиле. Време е да ја пронајдете убавината во откажувањето и давањето, дури и ако симболично подарувате ситници.