Дневен хороскоп (20.03.2014)

Овен

Во врската ви е многу интересно и исполнето со страст. Денеска е поволен ден за кариера. Можен е прилив на пари поврзани со недвижен имот. Добро се чувствувате.

Бик

Не сте подготвени на компромис кога тоа е потребно. Ќе се намалат недоразбирањата со колегите. Некои од вас имаат пари, некои не. Здравјето ви е добро.

Близнаци

Љубовната афера може да ве чини живот. Пред вас е поволен период доколку се занимавате со актерство. Здравјето ви е малку чувствително.

Рак

На емотивен план е променливо. Денот ќе ви започне мошне стресно. Поголемиот дел од времето ќе бидете лошо расположени. Стомакот ви е чувствителен.

Лав

Очекувајте нови предизвици. Ќе имате прилика да видите колку е силна вашата врска. Премногу енергија трошите на расправии со колегите. Пад на имунитетот.

Девица

Решивте со партнерот да ги прекинете сите контакти. Во последните денови сте многу ангажирани. Многу работите на нови проекти. Здравјето ви е добро.

Вага

Ретко кој може да ги задоволи вашите критериуми. Размислувате да започнете работа која ви е целосно непозната. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Проблемите во врската нема да траат долго. Коректниот однос ви овозможува лесно да го завршите она што го започнавте. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Партнерот не треба да се меша во вашата работа. Доколку имате приватен бизнис, подгответе се за мали пречки во работата. Нервозата е минлива.

Јарец

Партнерот се’ поретко ги исполнува вашите очекувања. Моментално ја губите земјата под нозете. Јазикот ви е побрз од паметот. Можни се проблеми со крвните садови.

Водолија

Партнерот е подготвен на големи промени, но очекувајте да го поддржите. Лошата атмосфера на работа е минлива. Здравјето ви е добро.

Риби

Не сте во целост отворени кон партнерот. Ве плашат неговите реакции. Не сте реални во очекувањата. Можна е настинка и грип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.