Дневен хороскоп (21.01.2019)

128

Каков почеток на неделата го очекува секој хороскопски знак…

Овен

Чувствувате страв за својата егзистенција. Нормално е да не сте рамнодушни, но нормално е и трезвено да размислувате за се’ и да пронајдете компромисно решение. Потрудете се да бидете смирени и реално да им приоѓате на проблемите.

Бик

Планетите навестуваат среќа, љубов, брак, принова… Со еден збор, ве поддржуваат во настојувањата да уживате. Моментално ви се туѓи проблемите што до вчера ве нервираа. Сфаќате дека погрешно сте постапувале. Вљубениот човек е среќен, а со самото тоа и здрав. Уживајте.

Близнаци

Денес треба да поведете малку повеќе сметка за здравјето. Не се чувствувате добро, а и немате енергија. Понекогаш имате чувство дека сите ве искористуваат. Премногу грешите, околината ве почитува, но понекогаш и пречи вашата себичност.

Рак

Вложувате огромен напор за да ги извршите обврските, но не ви е тешко, зашто сте свесни за целта. Снаодливо ги решавате семејните прашања, не сакајќи никого да повредите со сопствените чувства. Фантазирате за една средба.

Лав

Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата.

Девица

Во овој период ви недостига виталност. Премногу сте осетливи, а тоа ве спречува да тргнете во конкретна акција. Поразот тешко го поднесувате, потрудете се да бидете смирени и да ја контролирате ситуацијата.

Вага

Тешко ја прифаќате реалноста и тоа моментално не одговара на вашите очекувања. Ве очекуваат болни моменти на емотивен план. Занимавајте се со убави работи за да избегнете криза. Во вечерните часови опуштете се во друштво на пријателите.

Скорпија

Само со трпеливост и упорност можете да испливате од проблемите. Ако сте непромислени, може да биде уште полошо. Премногу се истакнувате, вашето его започна да им оди на нерви на другите. Внимавајте, ќе загубите дел од вашиот тим доколку така продолжите. Здравјето не ви е стабилно, затоа обрнете повеќе внимание на тоа.

Стрелец

Наидувате на вообичаената препрека кога станува збор за работата. Сето тоа ве прави дополнително нервозни и раздразливи. Партнерот сака да ви укаже на грешките, а вие го слушате само со едно уво. Обидете се да се поправите, ја нервирате околината.

Јарец

Сакате работите да се одвиваат така како што сте замислиле. Може да бидете вознемирени, но потрудете се да се релаксирате. Лесно ќе ги пребродите проблемите ако најдете дипломатско решение.

Водолија

Бидејќи до резултати доаѓате со нечија поддршка, морате да бидете подготвени на соработка. Сето тоа нема да ви биде тешко, бидејќи знаете дека ќе даде резултат. Бирајте зборови, некој може погрешно да ве разбере.

Риби

Ве очекува поволен период, но потрудете се емотивниот живот да ви биде на прво место. Се чувствувате незадоволно, но тоа ќе трае кратко. Насочете се кон оние работи кои ви одат од рака. Закажете средба со пријателите, тоа ќе ве релаксира комплетно.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.