Дневен хороскоп (22 октомври 2020)

ОВЕН

Не сте на иста бранова должина со колегите. Жал ви е што не се чувствувате како дел од тимот. Комуникативни сте, но никако не запознавате некоја интелигентна личност. Промена на расположението ве чека.

БИК

Амбициозни сте и самоуверени. Правите работни планови во склад со внатрешните чувства. Емотивниот однос стагнира. Свесни сте дека не е неопходен разговор со другата страна, но го одложувате. Добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Се среќавате со многу работни проблеми. Некои се директна последица од одлуки донесени набрзина, без вдлабочување во проблематиката. Емотивно не сте задоволни. Ниту вашиот партнер ве разбира, ниту вие него. Не сте расположени.

РАК

Вредни сте и успешни. Имате впечаток дека се можете. Емотивно сте незадоволни. Комуникацијата со саканата личност е лоша. Пробувате да ги решите проблемите на мирен начин, но не успевате. Добро здравје.

ЛАВ

Имате позитивна трема. Нов работен почеток е предизвик, но делумно начин да се афирмирате себе. Во елемент сте. Запознавате нова личност која без отпор паѓа на вашиот шарм. Се чувствувате добро.

ДЕВИЦА

Не сте задоволни од соработката со колегите. Се појавуваат мали потешкотии кои ги решавате во од. Презадоволни сте емотивно. Чувствувате дека на партнерот можете да се потпрете во секој момент. Солидно здравје.

ВАГА

Вашите успеси говорат наместо вас. Пријатно сте изненадени од новата работна понуда. Размислувате да ја прифатите. Односот со партнерот стагнира. Не успевате да ги решите проблемите. Проблеми со хормоните.

ШКОРПИЈА

На работа искрснуваат тешкотии кои ги одложуваат плановите. Тоа целосно ве демотивира. Емотивно сте задоволни. Партнерот ве разбира во целост. Проблеми со коските.

СТРЕЛЕЦ

Во работна смисла сте задоволни. Успешно ги реализирате плановите, а покрај тоа и финансиската ситуација се менува на подобро. Во необврзувачка врска сте, но другата страна така не го разбира тоа. Задоволни сте од физичката кондиција.

ЈАРЕЦ

Ви одговара работната навика, но на работа доаѓа до трансформација, а вам ви е малку тешко да држите чекор со тоа. Задоволни се од стабилниот емотивен однос и во потполност му се посветувате. Наклонети сте кон нервоза.

ВОДОЛИЈА

Демотивирани сте од ситуацијата на работа. Колку енергија и да вложувате, имате впечаток дека сте и натаму на исто место. Ви годи поддршка од саканата личност која пробува да ве охрабри. Наклонети сте кон нерасположение.

РИБИ

На работа се појавуваат потешкотии кои ги решавате во од, па сте задоволни затоа што нема отстапки од плановите. Емотивно не сте исполнети. Имате партнер кој не знае да ви даде чувство дека сте сакани. Стабилно здравје.