Дневен хороскоп

Оние коишто не веруваат во хороскоп не можеме да го обвиниме премногу. Невозможно е сите луѓе коишто живеат на планетата да бидат класифицирани во „само“ 12 типови според зодијакот.

Сепак, постојат одредени карактеристики според кои понекогаш лесно може да препознаете што е некој во хороскоп. Еве кои се тие:

Овен – цврсти ставови, мислења кои не ги менува за ништо на светот, а неретко ве прекинува во зборувањето без воопшто да го забележи тоа.

Бик – зборува јасно, динамично, со добра дикција. За поголемиот дел од луѓето е премногу саркастичен. Вечно гладен и во потрага по најдоброто јадење во градот.

Близнаци – прави премногу фацијални експресии, гестикулира и најчесто мавта со рацете. Постојано се движи додека зборува. Сака да озборува и да гледа сеир.

Рак – постојано се грижи за нешто. Најчесто изгледа како да е на раб на солзи и дека секој момент може да се расплаче.

Лав – се смее многу и секогаш е расположен за шега. Не сака да гледа несреќни и негативни луѓе и веднаш се дистанцира од нив.

Девица – има мислење и коментар апсолутно за сè! Мисли дека е подобра во многу работи од останатите и нема проблем да го покаже тоа.

Вага – најмрзлива од сите луѓе околу вас, иако сака да се покаже како вредна и експедитивна. Постојано ѕирка во огледалото и проверува како изгледа, да не ѝ се расипала шминката.

Скорпија – конфронтирањето со луѓето околу неа го прави од чиста забава. Сосема можно е да делите ист став околу нешто, но од инает ќе се преправа дека има спротивно мислење, само да ве изнервира.

Стрелец – јазик побрз од мозокот. Кажува сè што ќе му падне на памет, а подоцна не сфаќа зошто некои луѓе се толку големи лутковци и немаат смисла за хумор,

Јарец – се жали на сите работи околу него, битни и небитни. На крајот ја презема контролата во свои раце и средува сè под конец.

Водолија – „Гледам луѓе околу мене, но никаде човек“. Ќе ги препознаете по оваа реченица и како постојано се жалат за недостатоците на денешното современо општество.

Риби – полузаспани, не знаеш дали се будни или сè уште дремат. Си потпевнуваат своја измислена песничка која на сите им оди на нерви, а Рибите воопшто не го забележуваат тоа.