Дневен хороскоп (23.01.2014)

Овен

Без дополнителен притисок може да дознаете се’ што ве интересира од партнерот. На полето на работата можни се некакви двоумења. Нема да имате време за размислување. Бидете посмирени.

Бик

На емотивен план засега е постабилно. Имате уште многу работи кои што треба да ги покажете на работното место. Не успеавте максимално да го искористите својот потенцијал. Чувајте си ги нервите.

Близнаци

Нема да се откажете од врската бидејќи сте под поинакви впечатоци за разлика од вчера. Кога станува збор за работата бидете на вистинско место во вистинско време. Финансиите ви се стабилни. Здравјето ви е добро.

Рак

Потрудете се да го сочувате мирот во домот. Тимската работа во овој момент не ви лежи, па поради тоа имате проблеми на работа. Добро се чувствувате.

Лав

Во љубовта следи интензивен период кој што ќе изобилува со нови пријателства. На работа не трпите правила, но некогаш е потребни да ги испочитувате. Здравјето ви е добро.

Девица

Помошта од партнерот добро ќе ви дојде. Решението на финансиските потешкотии е на повидок. Немате поголеми проблеми со здравјето.

Вага

Ви претстои интересна средба на некое јавно место. Денеска ќе бидете помалку чувствителни за разлика од вчера. Можни се проблеми со штитната жлезда.

Скорпија

Имате прилика за врска, но почекајте ја вистинската личност. На работа бидете помалку емотивни, а поголемите рационални одлуки ќе ве вивнат во висините. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Кај вас интересот е на прво место, а емоциите на второ. Мора повеќе да се потрудите, посебно доколку се’ уште немате работа. Можни се зголемени трошоци. Здравјето ви е добро.

Јарец

Една личност со која порано сте биле во врска не ве заборавила. Вашата позиција е сигурна, само потрудете се да бидете потактични. Потребна ви е поголема физичка активност.

Водолија

Се наоѓате во фаза кога се’ поретко ги покажувате емоциите. Немате проблем да го кажете она што го мислите, но почесто јазикот ви е побрзо од паметот. Немате посебни проблеми со здравјето.

Риби

Денеска ќе биде мирно и вообичаено кога станува збор за љубовта. Моментално не се пронаоѓате во работата која што ја правите, па се чувствувате незадоволни. Здравјето ви е во ред.