Дневен хороскоп (23.12.2013)

Овен

Постојано привлекувате внимание, но не и на личноста која ви се допаѓа. Успехот на работа е солиден, но финансиите и понатаму се проблематични. Здравјето ви е добро.

Бик

Ви се допаѓа тоа што можете да имате тајна врска. Во работата можни се грешки и непромислени потези. Здравјето не ви е најдобро затоа обрнете повеќе внимание.

Близнаци

Партнерот се труди, но ви се допаѓа некоја друга личност. На работното место не е лошо да се консултирате со колегите. Приходите се помали, но редовни. Бубрезите ви се чувствителни затоа најдобро е да посетите лекар.

Рак

Во љубовта ви е потребна личност со слична природа како вашата. Кога станува збор за работата најдобро ќе биде да си ја гледате својата работа и да не влегувате во расправии. Не е лошо да си ја проверите крвната слика.

Лав

Во врската имате голем проблем, кој што не можете лесно да го надминете. Размислувајте за ризични деловни потези. Здравјето ви е добро.

Девица

Бидете пофлексибилни и немојте да се расправате. Подобро организирајте си ги работните обврски за да можете да ги завршите сите обврски. Здравјето ви е одлично.

Вага

Многу почесто размислувате за поранешниот одошто за сегашниот партнер. Конечно ќе ги завршите работите кои што ги одложувавте подолго време. И понатаму сте нервозни.

Скорпија

Емотивните проблеми и понатаму ви го компликуваат животот. Поради работните обврски премногу патувате, иако заработката ви е мала. Доволно е да се опуштите во слободното време и многу подобро ќе се чувствувате.

Стрелец

Сега не е вистинско време за нов почеток. Шефот ви ја дава целосната поддршка, па затоа нема потреба да се грижите. Во здравјето склони сте кон дебелеење.

Јарец

Ве прогонуваат убавите спомени во љубовта. На работа вооружете се со трпение и немојте воопшто да се грижите. Чувството на грижа на совест ви го нарушува здравјето.

Водолија

Можно е партнерот да размислува да и’ стави крај на врската. На работа имате лош однос со колегите. Бидете внимателни во сообраќајот.

Риби

Очекувајте ново пријателство кое што може да прерасне во нешто повеќе. Постои можност да направите лош избор. Зглобовите и колената ви се посебно чувствителни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.