Дневен хороскоп (23 февруари 2021)

75

ОВЕН

Најдобро ќе профитирате низ купопродажба на недвижности, земји и низ работа со храна, а исто така и низ работи поврзани со банкарство, финансии, економија. Сега е шансата за оние кои се слободни да влезат во емотивна врска со личноста која ја запознале преку работа. Што повеќе шетање и престој на свеж воздух.

БИК

Оние кои се во приватен бизнис, имаат пред себе период кој носи успех, зголемување и ширење на работата. На некои ќе им се укаже шанса тајно да се вљубат, и да влезат во тајна врска. Можни се повреди, и затоа избегнувајте физички напори.

БЛИЗНАЦИ

Сега е вистински момент нешто да промените, да проширите или да се здружите со некој и да усвоите нови идеји. Оние кои имаат стабилна приказна, може да очекуваат среќни моменти со саканата личност. Несоница и нервоза ве следи.

РАК

Ако се занимавате со трговија, увоз или извос, ќе имате добри шанси да профитирате. Оние кои се слободни, наскоро нема да бидат. Познанство со младо лице со ведар дух и која привлекува, ви создава „пеперутки во стомакот“. Внимавајте на урогениталниот тракт.

ЛАВ

Сега е вистинско време своите идеи и замисли да ги спроведете на дело. Сега е важно да остварите искрен, пријателски однос со партнерот и да го зголемите степенот на толеранција. Пад на имунитетот и можност за настинка.

ДЕВИЦА

Сега е време за нови почетоци, но исто така и за поголеми предизвици на веќе постоечката работа. Различностите во партнерските односи ќе се искажат низ судир на мислења, очекувања, недоразбирања. Постои тенденција за престој во изолација.

ВАГА

Сонувајте, правите големи планови, затоа што лесно може да се остварат. Можност за љубов на краток пат е изразена или познанство со личност која живее некаде далеку од вас, на соседно место, во соседен град. Можни се повреди, удари, падови…

ШКОРПИЈА

Чувството на среќа и леснотија ќе ве следи во текот на денот. Ќе оставате силен впечаток на сите со кои соработувате. Оние кои се сами, ќе запознаат привлечна личност која ќе пробуди емоции. Посетете стоматолот или направете еден мал систематски преглед.

СТРЕЛЕЦ

Лесно може да се случи да искрснат дури две прилики. Онаа која во вас буди подобро чувство – полет, радост, восхит, немојте да ја пропуштите. Многумина ќе се одлучат за почеток на заеднички живот, а многу од вас ќе бидат во план на проширување на семејството. Бидете многу внимателни кога е исхраната во прашање.

ЈАРЕЦ

Поволните впечатоци носат стабилност во вашата кариера. Поволни се за зголемување на работата, нови работи, ширење на работата но и поголеми финансии. Лесно може да дојдете до конфликт со саканата личност, како и до незадоволство или сомневање во љубовта. Стабилна стиуација, но можен е висок притисок.

ВОДОЛИЈА

Многу работи нема да може да ги држите под контрола, па тоа ќе ви носи немир и збрканост во мислите. Оние кои се слободни, ќе запознаете личност преку пријател или преку дружење. Стомачни проблеми.

РИБИ

Подобро е сите големи одлуки да ги оставите за некој друг пат, но ако сметате дека нема потреба од чекање, совет е уште еднаш добро да ги проверите и да се консултирате со некого. Совет е што повеќе да шетате, и тоа на некои јавно место, и можеби ќе запознаете некоја интересна личност. Проблеми со видот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.