Дневен хороскоп (24.01.2014)

Овен

Можно е пократко патување со пријателите и семејството. Денеска ќе бидете брзи и ефикасни и лесно ќе донесувате одлуки. Престанете со прекумерното трошење. Здравјето ви е добро.

Бик

Доколку ја преминете тврдоглавоста и љубомората, ќе ви биде убаво во љубовта. Пред вас е одличен ден за кариера и почеток на нови проекти. Чувствителни ви се гениталните органи.

Близнаци

Во љубовта има страст, но можно е да го изневерите партнерот. Доколку ги подучувате вашите помлади колеги ќе имате голем успех. Ќе чуете добри вести од странство. Повеќе спортувајте и бидете активни.

Рак

Ќе имате одлична комуникација со партнерот. Денеска работите ќе ви изгледаат подобро за разлика од претходните денови. Стомакот ќе ви биде чувствителен.

Лав

Една личност ќе ви се додворува иако сте во врска. Доколку имате приватен бизнис, денеска е вашиот ден, бидејќи ќе започнете нешто ново. Бидете повнимателни во сообраќајот.

Девица

Во врската има се’ повеќе страст, но искушенијата се насекаде околу вас. Пред вас е интересен и возбудлив ден. Здравјето ви е добро и ќе бидете во одлична кондиција.

Вага

Искористете го денешниот ден да се опуштите и да се забавувате. Се’ се може ако се сака, само треба да се решите. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Имате преголеми очекувања кога е љубовта во прашање. Денеска работата ќе биде во прв план и ќе имате прилика да триумфирате. Добро се чувствувате и немате посериозни проблеми со здравјето.

Стрелец

На изненадувањата на партнерот им нема крај. На работа ќе имате одлична концентрација, но финансиите ќе ви бидат нестабилни до крајот на неделата. Здравјето ви е одлично.

Јарец

Доколку не сте во врска, тоа бидејќи постојано се премислувате. Можна е поголема финансиска добивка, но е помала од она што го очекувавте. Здравјето ви е добро.

Водолија

Желбите на партнерот се повеќе од јасни, време е да се одлучите што ќе правите. Ќе ги остварите плановите пред очекуваното. Здравјето ќе ви биде чувствително.

Риби

Можно е да се разочарате во некои од пријателите. Кога станува збор за работата немате јасна цел, па потребно е време за да ги искристализирате идеите. Претерувате во храна и пијалоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.