Дневен хороскоп (24.12.2013)

Овен

Во љубовта ѕвездите во овој момент не ви се наклонети. Можно е прекинување на врската. Во текот на денот очекувајте повик од деловен партнер со кој сте ја прекинале соработката. Можно е денеска да бидете нервозни.

Бик

Подготвени сте на партнерот да му пружите уште една шанса. Можно е да добиете или да дадете отказ.  Внимателно бидејќи можни се компликации со здравјето.

Близнаци

Минлива е кризата во љубовната врска. Планиравте повеќе време да и’ посветите на кариерата. Финансиите ви се постабилни. Бидете посебно внимателни особено со главата и стомакот.

Рак

На партнерот му е потребна посебна поддршка. Денеска ќе бидете многу вредни и прецизни, но можни се и нагли потези. Здравјето ви е подобро.

Лав

Некој со кого работите ќе се поигрува со вас. Не треба да имате доверба во сите соработници. Бидете посебно внимателни во сообраќајот.

Девица

Очекувајте повик и убава средба. На шефот можете слободно да му го кажете своето мислење, ќе ја цени вашата искреност. Можна е финансиска криза. Имате проблеми со варењето.

Вага

Меѓу партнерот и вас е се’ поголема нетрпеливост. Успешни сте во работата, но очекувајте некакви одложувања. Можни се неочекувани трошоци. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Ќе добиете повик од личност која е на пат. Во следните неколку дена немате потреба да се отповарувате со работа. Малку лошо се чувствувате.

Стрелец

Со партнерот не се разбирате на вистински начин. Поволен ден за кариера и финансии. Имате се’ повеќе амбиции. Се наоѓате во одлична форма.

Јарец

Љубовната идила може да ви ја расипе некоја трета личност. Многу сте снаодливи во ситуацијата кога околностите не ви се наклонети. Можна е настинка.

Водолија

Партнерот премногу работи и затоа нема време за вас. Секоја грешка во работата може да ја исправите доколку сте смирени. Здравјето ви е чувствително.

Риби

Обидете се да го промените односот кон партнерот. Не обидувајте се до пари да дојдете на лесен начин. Здравјето во следните неколку денови ќе ви биде добро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.