Дневен хороскоп (26 декември 2020)

ОВЕН

Се потпирате на интуицијата во текот на носењето на одлуки и соработка со колегите. Одржувате редовна комуникација со поранешниот партнер. Очекувате отворено да ви понуди продолжување на врската, и вие да прифатите. Стабилно здравје.

БИК

Имате нереален поглед на работата, па такви ви се очекувањата и плановите. Емоциите жестоко ви проработиле. Заинтересирани сте за влез во врската, но не сакате да вршите притисок на симпатијата. Внимавајте на исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Вашата работа ја чувате во тајност. Се плашите дека некој може да ви ја украде идејата. Стигнуваат парите кои сте ги чекале. Толку сте вљубени, што на симпатијата и е јасно какви чувства имате. Добро се чувствувате.

РАК

Носите одлука за прекин на соработката. Имате впечаток дека сте изгубиле премногу време и нерви, а дека ништо не сте добиле. Пред вас е ново познанство. Другата страна сака подобро да се запознаете. Бубрезите се чувствителни.

ЛАВ

Успешно го завршувате работниот проект. Се чувствувате исцрпено. Последниот атом од енергијата сте го вложиле во работа. Односот со брачниот партнер е стабилен. Партнерот сака да разговара со вас за финансиите. Ве мачи реума.

ДЕВИЦА

Неочекувано добивате понуда од која не сте во целост задоволни. Првиот впечаток е дека нема да ја прифатите. Не сте сигурни во своите чувства кон партнерот. Посигурни сте во неговите емоции кон вас. Лоша циркулација.

ВАГА

Шармантни сте, интелигентни и на провокативен начин ја претставувате својата понуда. Имате потреба за константна комуникација со саканата личност. Можен дисбаланс на хормоните.

ШКОРПИЈА

И натаму не ги решавате проблемите. Тоа негативно влијае на вашата самодоверба. Задоволни сте од односот со саканата личност. Главата е чувствителна.

СТРЕЛЕЦ

Генерално сте оптимистичка личност, но денеска претерувате. Очекувате огромната количина на обврски, да ја одработите во ограничен период. Партнерот пробува да влијае на вас и да ве опушти кога се во прашање финансиите. Солидно здравје.

ЈАРЕЦ

Презадоволни сте од понудата која ви стигнала. Сигурни сте дека ќе ја прифатите. Брачниот партнер е задоволен од промената на вашето однесување. Се враќа надежта дека бракот може да се спаси. Стабилно здравје.

ВОДОЛИЈА

Го криете приливот на пари. Со надредената личност разговарате за новиот проект, кој ви делува интересно. Бракот го сметате за стабилен, а партнерот единствен и незаменлив. Стабилно здравје.

РИБИ

Ситуацијата е стабилна и нема никакви потешкотии. Задоволни сте од соработката со странците. Ве очекува ново, интересно познанство. Добро се чувствувате.