Дневен хороскоп (30.01.2014)

47

Овен

Партнерот почна да ви посветува повеќе внимание. Понудите кои што ви гарантираат голема заработка одбијте ги без размислување. Здравјето ви е добро.

Бик

Ситуацијата полека се подобрува, бидејќи вие почнавте да се менувате. Финансиските проблеми се’ уште се актуелни. Здравјето ќе ви биде подобро за разлика од претходните денови.

Близнаци

Партнерот не ги споделува со вас неговите лични проблеми, иако е во тешка ситуација. Кога не ви се работи, тогаш опуштете се. Здравјето ви е добро.

Рак

Ќе престанете да копнеете за личност со која не можете да бидете. Ќе бидете позитивно расположени што ќе се одрази на вашата работа. Немате проблеми со здравјето.

Лав

Љубовта ви цвета. Целосно се прилагодивте на партнерот. Кога станува збор за професионалниот живот свесни сте за своите можности. Затоа бидете настрана и тоа што е ваше ќе си дојде. Здравјето ќе ви биде чувствително.

Девица

Партнерот не е мирен, а истото важи и за вас. Иако се подготвувавте за заслужената пауза, во последен момент ќе се променат плановите. Можни се помали проблеми со здравјето.

Вага

На емотивен план ве очекуваат интересни прилики, но се’ уште не сте целосно сигурни. Денеска конечно можете да се одморите од работните обврски и ќе ги добиете парите на кои што долго време чекавте. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Можна е случајна средба со личност која што ја познавате од порано. На работа ќе има некакви промени на кои што не можете да влијаете. Нервозни сте поради лошата организација. Здравјето ви е во ред.

Стрелец

Партнерот има интересни предлози кои што упорно ги одбивате. И денеска ќе бидете активни надвор од работа. Здравјето ви е добро.

Јарец

Врската е постабилна благодарение на вашите заложби. Ситуацијата на работа ја имате под контрола. Не треба воопшто да се грижите. Здравјето ви е добро.

Водолија

Тајната љубов ви создава проблеми. Затоа ве очекува конечно разрешување на ситуацијата. Некој на работа ве следи и внимава да не погрешите. Здравјето ви е чувствително.

Риби

Партнерот е завртен само кон иднината, а вие заглавивте во минатото. Најважно е сега максимално да се посветите на работата. можна е главоболка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.