Дневен хороскоп (31.01.2014)

Овен

На партенерот му е се’ појасно што сака, а вас ќе ви биде полесно. Со леснотија им излегувате во пресрет на колегите, што ви ја отвора вратата кон иднината. Здравјето ви е добро.

Бик

Доколку сте слободни, дајте сигнал на личноста која ви се допаѓа. Трпението на работа се исплаќа, само што се’ уште не се забележува. Здравјето сега ви е постабилно.

Близнаци

Емотивно се одвоивте од партнерот. Успехот на работа зависи од вашата посветеност на кариерата. Можна е силна главоболка.

Рак

Личноста која ви изгледа незаинтересирано се обидува да ви пријде. Додека се премислувате поради несигурноста, другите работат. Здравјето ви е добро.

Лав

Кога нешто ви пречи немојте да реагирате бурно. Ќе бидете понервозни од вообичаено, но избегнувајте сериозни разговори. Стомакот ќе ви биде чувствителен.

Девица

Партнерот ви покажува дека ви е важно. Не носете одлуки доколку сте во временски теснец и чувствувате голем притисок. Внимавајте на здравјето бидејќи можна е настинка.

Вага

Убав ден пред вас за уживање и љубов. Доколку сте ги добиле парите, кризата се’ уште не помина. Затоа имајте трпение. Успевате да се изборите со хроничните тегоби.

Скорпија

Потрудете се околу партнерот, бидејќи тој се соочува со одредени проблеми. Премногу ги слушате другите, а тоа може да биде проблем. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Не се повлекувајте во самотија доколку имате личност на која може да се потпрете. Постигнавте одредени цели во работата, но не сте готови. Здравјето ви е добро.

Јарец

Бидете воздржани бидејќи партнерот ќе биде нервозен. Го пронајдовте вистинското решение за моменталната ситуација. Избегнувајте тешка храна.

Водолија

Задолжително прифатете ја поканата за излегување од пријателите. Користете прилика да ги покажете своите способности. Финансиите ви се полоши. Здравјето ви е добро.

Риби

Не се занесувајте со големи очекувања, бидете реални. Некои работи ви се провлекуваат, па време е да го исправите тоа. Здравјето ви е добро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.