Дневен хороскоп (31.03.2014)

Овен

Во љубовта ви е убаво. Надминете ги недоразбирањата со луѓето. Пријателската атмосфера на работа ви ја олеснува работата. Здравјето ви е добро.

Бик

Очекувајте промени кај партнерот, но мора и вие да се менувате. Добивате поддршка за вашите креативни идеи. Можни се проблеми со стомакот.

Близнаци

Емотивната нестабилност е минлива. Се’ поблиску сте до големите проблеми на полето на кариерата. Можно е прекумерно трошење. Добро се чувствувате.

Рак

Никако не можете да ја решите емотивната напнатост. Кога сте лошо расположени, не сте подготвени за соработка. Лоша е комуникацијата. Здравјето ви е чувствително.

Лав

Партнерот умее да се расположи и да ве изненади. Следите денови бидете внимателни, посебно доколку се занимавате со градежништво. Здравјето ви е стабилно.

Девица

На чекор сте да ја уништите врската поради нагласената посесивност. Со една постара личност може да ве соработува. Здравјето ви е добро.

Вага

Вистинската љубов подрзбира и простување. Следните два дена ќе ви бидат нестабилни на работа. Ќе немате доволно пари. Немате проблеми со здравјето.

Скорпија

Немате мир поради некои случувања од минатото. Постои можност да добиете некоја парична казна. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Се’ помалку мислите на емотивниот живот. Плановите кои се поврзани со странство може да се расипат. Можно е да ви се зголеми притисокот.

Јарец

Кога сте дома, помалку мислете на работата. Успехот и приливот на пари ќе биде помал од очекуваниот. Здравјето ви е чувствително.

Водолија

Ќе добиете повик од една личност која што е на пат. Се’ се сведува само на празни ветувања. Можни се зголемени трошоци. Здравјето ќе ви биде подобро од вчера.

Риби

Партнерот не е толку страствен колку што вие тоа би го посакале. Шефот е задоволен од начинот на вашата работа. Немате проблеми со здравјето.