14.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Дневен хороскоп (4 декември 2019)

ОВЕН

Најдобро би било да дозволите вашите соработници самите да го покажат вистинското лице кон вас. Можеби ви се повторуваат грешки кои порано сте ги правеле кон саканата личност, и врската ви влегува во критична фаза. Вкочанетост во пределот на вратот.

БИК

Очекувајте успех на работа денеска. Пред вас е период во кој ќе бидете задоволни. Потребно е да направите компромис во контактот со саканата личност. Можен хроничен умор и пад на енергијата.

БЛИЗНАЦИ

Немате доволно трпение кога се во прашање решавање на работните проблеми, па правите нови грешки.Пробајте да разговарате со саканата личност која покажува дека не е задоволна од вашиот однос. Чувствителен уринарен тракт.

РАК

Очекувајте дека ќе успеете да ги решите проблемите кои ве мачат на ова поле веќе некое време. Уживате во романтичната атмосфера со партнерот. Наскоро ќе правите планови за заедница. Хормонални пречки.

ЛАВ

Доаѓате до можност на ова поле да ги покажете своите способности и на некој начин да се докажете. Со саканата личност убаво се сложувате. Ако сте слободни, може да очекувате флерт. Потребна ви е физичка активност.

ДЕВИЦА

Неочекувани трошоци се можни, но со вистинска организација може да најдете позитивно решение. Не сте задоволни од љубовнат врска во која сте, и често размислувате за прекин.Проблеми со урогениталниот тракт.

ВАГА

Очекувајте дека ќе бидете задоволни од околностите. Се ви оди во прилог денеска. Сте решиле да влезете во сериозна врска. Подготвени сте на саканата личност максимално да и се посветите. Проблеми со нервозата.

ШКОРПИЈА

Не сте успеале да ги исполните своите ветувања кон работните соработници, па можни се некои последици поради тоа. Без големи промени во љубовта кај вас. Ве очекува фаза во која малку ќе се досадувате.Водете сметка околу холестеролот.

СТРЕЛЕЦ

На полето работа не би требало да имате проблеми или грижи. Се оди онака како што сте планирале. Ви се допаѓа личност со која сте почнале да се гледате, имате впечаток дека таа е она што го посакувате.Респираторни инфекции.

ЈАРЕЦ

Очекувајте позитивна прилика да се вработите на некое работно место на кое ќе можете да останете на долги патеки во иднина. Ве очекува познанство кое ќе ви биде важно во иднина. Проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА

Очекувајте дека ќе имате прилика да почнете нов проект со своите соработници и пријатели. Ви се допаѓа личност со која во моментов имате некој вид пријателски однос. Пад на имунитетот.

РИБИ

Ве очекува поволен период за работа. Ќе успеете да ги решите проблемите кои сте ги имале од порано. Може да очекувате ново познанство. Сепак, нешто во врска со таа личност на почеток ќе ви влева несигурност. Избегнувајте алкохол.