21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Дневен хороскоп (5 декември 2019)

ОВЕН

Ќе имате разни промени денеска, но ќе успеете се да испратите на позитивен начин. Една нова личност се појавува во вашиот живот, а вие чувствувате дека и давате малку поголемо значење. Полни сте со енергија.

БИК

Потребно ви е некое време да донесете одлука по прашање на вашата идна работа. Не сте задоволни од врската или бракот, и сметате дека ви се потребни промени. Не се чувствувате сакано. Можни проблеми со несоница.

БЛИЗНАЦИ

Надевајте се на позитивни пресврти кога е во прашање ова поле. Ве очекува интересна комуникација со симпатијата. Наскоро ќе имате шанса подобро да ја запознаете. Проблеми со циркулација.

РАК

На полето работа ќе имате некои проблеми денеска. Потрудете се повеќе да се посветите на своите обврски. Ве очекува период во кој ќе имате емотивни дилеми и проблеми во односот со партнерот. Внимавајте на настинка.

ЛАВ

Можно е да размислувате за тоа како би требало да се организирате околу работата во иднина. Денеска сте емотивни и на некој начин раздразливи, па можете да бидете наклонети кон несогласувања. Проблеми со штитната жлезда.

ДЕВИЦА

Не сте доволно сконцентрирани на вашата работа, и не ви е лесно да се фокусирате денеска. Ве очекува тежок ден. Ако партнерот на некој начин ве повредил, сега немате сила да му простите. Вртоглавица.

ВАГА

Имате многу амбиции и сакате максимално да се посветите на работата за да можете сите амбиции да ги реализирате. Ви се допаѓа личност која покажува дека е подготовена повеќе да ви се посвети од вашиот поранешен партнер. Умор.

ШКОРПИЈА

Пред вас е поволен ден за работа во кој може да остварите доста корисни и важни промени. Поранешната љубов пробува да се врати во вашиот живо, но вие не покажувате интерес кон неа. Ќе ви годи масажа.

СТРЕЛЕЦ

Можни се мали несогласувања на работното поле. Со соработниците ве очеквуаат несогласувања во следниот период. Ви се допаѓа личност која на некој начин е поврзана со странство. Посетете стоматолог.

ЈАРЕЦ

Можно е да не успеете да ги остварите сите планови кои сте ги имале. Денешниот ден ви носи некои мали кочници. Не сте задоволни од самотијата, и сакате промени на полето љубов. Внесувајте помалку мрсна храна.

ВОДОЛИЈА

Пред вас е поволен период да смислите позитивна стратегија. Ве очекува шанса да менувате некои работи. Имате проблеми со саканата личност која не е расположена за било какви компромиси. Ќе имате проблеми.

РИБИ

Време е да се позанимавате со својата работа малку посериозно. Ова е шанса во која треба да превземете одговорност. Односот со саканата личност би можел да биде разнишан поради некои мешања од страна. Проблеми со бубрезите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.