Дневен хороскоп (6 август 2020)

ОВЕН

Сте направиле добра проценка и сега ги уживате придобивките од вашиот деловен труд, вложување и посветеност. Чувствувате потреба да го смените љубовниот статус. Со знак Стрелец ве очекува многу убава прилика за среќна врска. Проблеми со нозете.

БИК

Можете да очекувате помали потешкоти во работата, не паничете туку посветете се и смирено решете ги проблемите. Љубовната состојба ви е на некој начин блокирана. Проблеми со температура.

БЛИЗНАЦИ

Со задоволство ги прифаќате новите работни обврски и спремни сте да искажете желба за унапредување. Неразбирањето кое се јавува меѓу вас и вашиот партнер може да ве донесе до прекин на врската. Потребен ви е одмор!

РАК

Доаѓа до некои мали промени кај вас. Кога е во прашање работата, можете да бидете спремни за големи пресврти. Не ви е лесно да направите компромис во односот со саканата личност. Помали проблеми со видот.

ЛАВ

Можно е да имате помал конфликт на работното поле и нема да ви биде лесно за се да решите. Можна е голема дистанца меѓу вас и партнерот. Загрижени сте бидејќи вашата врска нема да се врати по старо. Проверете крвна слика.

ДЕВИЦА

Пред вас е период полн со работни предизвици. Важно е да се потрудите да поработите на концентрацијата. Можно е понекогаш да сте многу љубоморни, а тоа на партнерот му смета. Немате кондиција, променете навики.

ВАГА

Најдобро е ништо да не форсирате и на работното место да покажете трпение за некои работи да ви се разрешат. Доколку сакате да ви опстои врската мора да направите компромис со партнерот. Можни се проблеми со алергии.

ШКОРПИЈА

Не дозволувајте било кој да влијае на вашата работа. Важно е во наредниот период да ја слушате само вашата интуиција. Можно е да сте спремни за да бидете многу флексибилни. Вашата љубовна ситуација е многу комплицирана. Чувајте се од повреди, чувствителни сте.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е ден во кои можете да имате помали штети на работа. Денеска немојте да влегувате во било какви инвестиции. Можно е постепено да се оддалечувате од вашиот партнер. Проблемите со алергии се поизразени.

ЈАРЕЦ

Можни се помали конфликти со вашите претпоставени, како и проблеми на работа. Генерално ова не е поволен ден за вас. Ни самите не сте сигурни што сакате и ви делува дека поради вашата неодлучност ќе го изгубите партнерот. Водете грижа за притисокот.

ВОДОЛИЈА

Денеска не е поволен ден за вашиот работен план. Можно да имате многу проблеми на ова поле. Можно е да бидете на некој начин изненадени од реакцијата на партнерот и денеска нема да имате конфликти во врската. Поспани сте и многу исцрпени.

РИБИ

Ве очекува период во кој можно е некој намерно да ви даде погрешни информации. Лесно може да се случи мала дистанца во вашиот однос со партнерот. Можно е тоа тешко да ви биде. Проблеми со забите.