Дневен хороскоп

Овен (21.03 – 20.04)

Овните во врска ќе бидат полни со љубомора, која овој пат е и основана. Слободните ќе пронајдат сродна душа. На работа просечен ден. Можни се проблеми со ’рбетот.

Бик (21.04 – 21.05)

Вашиот партнер нема да има разбирање за вашите обврски. Слободните ќе почнат романса. Способноста за приспособување ќе ви донесе успех во работата. Одлично здравје.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Оние Близнаци во врска  ќе доживеат пријатни мигови со св ојот партнер. Слободните ги очекува нов и интересен додворувач. Денеска не сте професионално амбициозни. Внимавајте  ви опаѓа  имунитетот.

Рак (22.06 – 22.07)

Во љубовта ќе преовладува хармонија. Слободните ќе обноват стара врска. Раковите што се занимаваат со креативна работа ќе имаат голем успех. Ве очекуваат главоболки.

Лав (23.07 – 22.08)

Неразбирањето меѓу партнерите поттикнува нервоза и го расипува односот. Слободните ќе запознаат повеќе кандидати за врска. Ќе имате многу мотиви за работа и успех. Можна е настинка.

Девица (23.08 – 22.09)

Партнерот отворено ја покажува љубомората, па ќе имате недоразбирања во врската. Слободните ги очекува нова љубов. Големиот труд овој пат ќе остане незабележан на работното место. Проблеми со дишењето.

Вага (23.09 – 22.10)

Слободните би можеле да обноват неодамнешна врска. Нервозни сте поради стравот од лошата финансиска состојба. Одлично здравје.

Скорпија (23.10 – 21.11)

Љубомората го нарушува односот со партнерот. Слободните ќе имаат можност за почеток на нова врска. На работа доаѓа до важни промени, на кои одамна се надевавте, но немавте можност да ги реализирате. Одлично здравје.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Партнерите ќе се оддалечат поради многубројните обврски. Слободните ќе влезат во врска. Ќе добиете нови соработници, од кои нема да се воодушевите. Внимавајте на стресот.

Јарец (22.12 – 20.01)
Партнерот ќе има забелешки, но ќе ги надминете недоразбирањата кон средина на месецов. Слободните ќе запознаат динамична личност. Добра атмосфера на работното место. Покачен крвен притисок.

Водолија (21.01 – 19.02)

Оние во в рска ќе имаат конфликти во текот на денот. Слободните ќе имаат сериозен додворувач. Во работата ќе бидете многу чувствителни – сите случување ќе бидат спротивни на вашите очекувања.
Можна забоболка.

Риби (20.02 – 20.03)
Односот со партнерот тешко ќе го одржувате во добра состојба поради несовпаѓање на меѓусебните желби и планови. Слободните ќе се впуштат во авантура. Многу нервози, а малку успех во работата. Проблеми со стомакот.