Дневен хороскоп

Овен

Иднината ве плаши? Не повеќе, не и денес. Комуникативниот Меркур го прекинува ретроградното движење во вашиот знак, правејќи ве смели и бестрашни. Ќе бидете иницијатор на многу разговори за решавање на проблемите кои ве измачуваат.

Неверојатна слобода ќе почувствувате и на љубовен план. Љубовните состанувања ќе ви се претворат во задоволство, а не во измачување.

Бик

Замаглениот поглед ќе ви стане само минато зашто ќе започнете јасно како ден да ги гледате случувањата околу себе. Меркур ќе премине во директно движење во вашата 12-та куќа на скриените информации и задкулисните игри. Можно е да откриете дека некој со недели работел зад вашиот грб.

Некои бикови ќе му простат на свој поранешен партнер што ги повредил во минатото, но нема да му дадат втора шанса. Меркур ќе ве потсети дека бившите се бивши со причина.

Близнаци

Доколку во изминатиов период ви стануваше сè потешко и потешко да се вклопите во ново друштво, сега тоа нема да ви претставува никаков проблем. Комуникативниот Меркур ќе го прекине ретроградното движење во вашата 11-та куќа на групните активности, враќајќи ви ја дружељубивоста на максимално ниво.

Вратете се на социјалните мрежи и обновете ги контактите со клиентите, особено доколку имате сопствен бизнис. Онлајн комуникацијата ќе ви биде беспрекорна.

Рак

Денес комуникативниот Меркур ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на кариерата и долгорочното планирање, враќајќи ве на правилниот пат кон успехот. Ќе работите кога сите други одмараат и ќе успевате да постигнете навидум невозможни цели.

Доаѓа период во кој ќе зборувате слободно за своите идеи на работа. Ќе успевате да ги убедите луѓето да ве следат, па подгответе се за лидерска позиција.

Лав

Не се плашите да го искажете своето мислење. Денес Меркур, планетата на комуникација, ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на ослободувањето и експанзијата, коешто досега ве правеше плашливи. Зборувајте директно!

Некои лавови ќе започнат да комуницираат со прекрасен странец во кого ќе се заљубат во иднина, а други ќе ја одведат својата врска на нов терен.

Девица

Со недели се плашите да му признаете нешто на партнерот? Направете го тоа денес. Меркур, планетата на комуникацијата, ќе го прекине ретроградното движење во вашата 8-ма куќа на интимноста и тајните. Ослободете ја душата од сè што ве мачи и ќе се преродите како личност.

Доколку ги обновивте контактите со поранешен партнер, сега ќе донесете одлука – или да ја обновите врската или засекогаш да го оставите во минатото.

Вага

Со недели се сомневате во постапките на партнерот? Чувствувате дека љубовта меѓу вас исчезнала? Денес комуникативниот Меркур ќе го прекине ретроградното движење во вашата 7-ма куќа на партнерствата враќајќи ја хармонијата во вашата врска.

Некои ваги со статус сингл ќе престанат да си поставуваат пречки во комуникацијата со спротивниот пол и ќе уживаат во состанувањето.

Шкорпија

Преку глава ви е од паднат имунитет, ниска енергија или настинки? Денес Меркур ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на здравјето и ќе ве поттикне да им се вратите на здравите навики. Вежбајте редовно.

Многу е важно да го организирате вашето време за да бидете колку што е можно попродуктивни. Не отстапувајте од направените планови.

Срелец

Ммм… „Прекрасно изгледам“ – прекинот на ретроградното движење на Меркур во вашата гламурозна куќа ќе ви ја врати самодовербата денес и ќе ви ја крене главата. Колку поубаво изгледате, толку поширока ќе биде вашата насмевка.

Многу стрелци кои се во долга врска ќе се израдуваат на позитивен тест за бременост, по недели исполнети со неизвесност.

Јарец

Хармонијата ќе се всели под вашиот покрив денес, а вие ќе комуницирате одлично со вашите најблиски. Меркур го прекинува ретроградното движење во вашиот фамилијарен сектор, враќајќи ви ги дипломатските способности.

Нежноста ќе биде присутна во гласот на сите јарци. Ако сте сингл, токму ранливоста ќе ве прави посебни.

Водолија

Вашата уста е ваше најсилно оружје денес. Комуникативниот Меркур го прекинува ретроградното движење во вашата 3-та куќа на локалните настани, правејќи ве влијателен член на вашата заедница.

Доколку сте сакале да промените нешто во вашето место на живеење, направете го денес првиот чекор. Луѓето ќе ве следат.

Риби

Недела е, но вие ќе мислите само на работата. Денес комуникативниот Меркур ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на парите и работата и ќе ви го насочи фокусот кон вашиот деловен живот. Организирајте ја однапред работната недела.

Сензуалноста ќе биде присутна во вашиот глас, па ако сакате да привлечете нечие внимание, зборувајте.