Дневен хороскоп за 25.3.2019 година

Овен 21.3-20.4.

Љубов
Со задоволство ќе прифатите покана за излегување на кафе , каде би поминале пријатно време во неврзан разговор.

Кариера

Деловната комуникација ќе се одвива квалитетно, но вие самите нема да бидете задоволни од својот настап.Очекувате повеќе од себе.

Здравје и совет

Размислувајте додека се шетате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена , но срцето и натаму ќе ви остане празно.Сепак , и зборувањето е нешто.

Кариера

Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови.Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Може да очекувате еден поволен ден кога станува збор за љубовни прашања . отворени се многу можности , а некои се поврзани со патувања.

Кариера

Издржете ги малите напори и завршете ги заостанатите задачи.За сега не треба ништо да менувате , освен вашиот пристап. Треба да бидете поупорни.
Здравје и совет
Наспијте се.

 

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе покажете дека имате нежна и интуитивна страна.

Кариера

Одлично ќе поврзувате различни видови работа.И во практичниот и во теоретскиот дел ќе функционирате беспрекорно.

Здравје и совет

Останете какви што сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секаква поврзаност со луѓето, било да станува збор за саканата личност , ново познанство или за пријателите.

Кариера

Верувате во подобро утре .Имате право.И денеска ќе градите мостови, ќе се поврзувате со нови деловни партнери или ќе ги обновувате старите врски.

Здравје и совет

Динамични сништа.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денот ќе ви донесе богат социјален живот , како и многу поттици за нови познанства , ако сте уште сами.

Кариера

Некои денеска ќе бидат во центарот на вниманието или булвално на сцена каде ќе го објаснуваат својот деловен план.

Здравје и совет

 

Изразувајте се слободно.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малата збрканост на чувствата ќе биде поврзана со вашата или желбата на партнерот за донинација во врската.

Кариера

Ништо не сакате да му препуштите на случајот , но тоа ви ја одзема спонтаноста од која се раѓаат свежи идеи.Најдете рамнотежа.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Како да не можете јасно да видите или ќе бидете склони кон преценување на самите себа.Проценките нема да ви бидат реални.

Кариера

Ако постојат некакви правни или морални двоумења во врска со една работа, обидете се тоа да го анализирате и решите.

Здравје и совет

Јадете помалку, движете се повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се двоумите колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка.Сетете се на вашите цели и кон што тежнеете.

Кариера

Би можело да ви биде сеедно како се одвиваат работите . Спречете ги последиците од таквата рамнодушност.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадењето слатки.

 

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се чувствувате по малку задремано и нема да сакате да правите ништо особено во љубовните акции.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат многу разновидни теми , кои не трпат одложување.Вие ќе морате да почнете да го решавате сето тоа.

Здравје и совет

Бидете доследни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистинска рамнотежа меѓу чувствата и интелектот , па ќе се усогласите по сите прашања.Ќе бидете задоволни и емотивно сити.

Кариера

Треба малку повеќе да работите, иако сеуште не сте се прилагодиле , па сте затоа незадоволни.Стиснете заби , организирајте се и работете.

Здравје и совет

Подобро да верувате отколку да се сомневате.

Риби 20.2.- 20.3

Љубов

Во љубовиот живот ќе бидете настроени да читате меѓу редови , па се ќе се сведува на тајни погледи и суптилни сигнали.

Кариера

Освен што одлично делувате во практичниот дел , денеска на работа ќе покажете и голема креативност.

Здравје и совет

Ви се подобрува формата.