Дневен хороскоп за четврток (10. октомври 2019)

ОВЕН

Работa: Очекувајте мали компликации кога е во прашање вашата работа. Ве очекува период на промени.

Љубов: Партнерот покажува дека нема доволно доверба во вас, а ви смета таквиот негов став и ве навредува.

Здравје: Можно е да сте под стрес.

БИК

Работа: Ако сте без работа, може да очекувате дека во следниот период ќе имате прилика тоа да се промени.

Љубов: Дошло време максимално да се посветите на вашиот однос со саканата личност.

Здравје: Поведете сметка за бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ќе имате нови обврски и нема да ви биде лесно се да усогласите и организирате онака како што ви одговара.

Љубов: Моментално љубовниот живот ви претставува мало оптоварување. Можно е да ви е потребна самотија.

Здравје: Можен пад на имунитетот.

РАК

Работа: Имате многу слободно време и подготвени сте да го искористите за одмор. Очекувајте поволен ден.

Љубов: Ќе бидете емотивно стабилни и задоволни од односот со партнерот.

Здравје: Полни сте енергија, спортувајте.

ЛАВ

Работа: Ако се занимавате со приватна работа, ќе успеете да ги остварите своите цели. Пред вас е поволен период.

Љубов: Имате максимална доверба во личноста која ја сакате и ве очекува поволна фаза за вашиот однос.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

ДЕВИЦА

Работа: Ве очекува прилика да склопите нова работа која ќе ви донесе успех во иднина.

Љубов: Ве очекува флерт со личноста која само што сте ја запознале. Ќе имате возбудлив ден.

Здравје: Болки во грлото.

ВАГА

Работа: Ве очекува можност да напредувате кога е во прашање работата. Пред вас е поволна фаза.

Љубов: Не ве очекуваат претерано големи промени на полето емоција. Стабилната ситуација ве радува.

Здравје: Поволен период за слабеење.

ШКОРПИЈА

Работа: Можно е да не можете да го остварите она што сте го планирале, ама можете да тргнете во позитивен правец кон тоа.

Љубов: Можно е да имате некои мали несогласувања со партнерот.

Здравје: Бидете внимателни денеска.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Пробувате да дојдете до нова работа. Чувствувате дека ви треба некое долго време за тоа.

Љубов: Можно е да имате некои сомневања во саканата личност, но со искрен и отворен разговор може да решите многу.

Здравје: Исцрпеност.

ЈАРЕЦ

Работа: Може да се потпрете на своите соработници. Ве очекува период во кој ќе имате позитивни работни околности.

Љубов: Ако сте слободни, можно е да имате некои нови љубовни понуди, познанства.

Здравје: Проблеми со циркулација.

ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е да не сте ја добиле шансата која ви била неопходна за да успеете да напредувате на работното поле.

Љубов: Можно е познанство со личност која ќе ви годи и со која ќе сакате врска.

Здравје: Проблеми со зглобовите.

РИБИ

Работа: Можно е денеска да имате некои мали недоразбирања во работното опкружување, но ќе успеете се да решите.

Љубов: Запознавате интересна личност која ќе ви ги покаже своите искрени чувства.

Здравје: Проблеми со алергиите.