Дневен хороскоп за четврток, 21-ви октомври 2021

ОВЕН

Може да ви се случи од вас да протече информација којашто некој ќе ја злоупотреби. Не ви е лесно да се воздржите, но во моментот најдобро е да молчите. Внимавајте што зборувате, па дури и во опкружувањето коешто нема никаква врска со вашиот професионален живот.

БИК

Премногу се навредувате. Молчењето му штети на вашиот имиџ, бидејќи малку луѓе разбират дека зад тоа ја сокривата ранливоста. Денот е таков што подобро е да се свртите на љубовен план или на семејството. Малку разонода и дружење со луѓето кои ве сакаат, ќе стори чуда за вашата душа.

БЛИЗНАЦИ

Оптоварени сте со работата. Иако атмосферата е напната, вашата нестрпливост може дополнително да ја отежне ситуацијата, не само за вас, туку и за опкружувањето. За да ги избегнете непријатносите мора да им одолеете на многуте искушенија и провокации. Не влегувајте во непотребни дускусии.

РАК

Бегате од реалноста препуштајќи му се на царствто на мечтаењата и сништата. Погрешно ја толкувате љубезноста на една личност којашто со своето благонаклоно однесување ви испраќа сигнал дека ве почитува, а вие верувате дека станува збор за кокетирање и најава за љубовна авантура.

ЛАВ

Ве опкружуваат луѓе кои упорно ви зборуваат што и како треба да правите. Иако не баравте туѓо мислење, полека но сигурно почнувате да ги прифаќањет нивниот модел на однесување. Не ви личи да размислувате со туѓа глава, навреме дистанцирајте се.

ДЕВИЦА

Не сте сигурни во своите потенцијали. Размислувате како да ја подобрите ефикасноста и со некоја новина да ја подобрите својата финансиска ситуација. Искористете ја можноста да ги соберете околу себе пријателите кои можат да ви помогнат во сѐ, па и во работата.

ВАГА

Без оглед на сѐ што сте планирале, бидете подготвени да ги одложите повеќето активности. Ги преценивте своите можности, па го сакале вие тоа или не, ќе бидете принудени дел од одговорноста да им ги препуштите на блиските соработници. Искористете го тоа за кус одмор.

ШКОРПИЈА

Што и да започенте, ќе го завршите со хаос. За вас најпаметно е да ги избегнете сите ситуации во кои би го воделе главниот збор. Доколку во својата работа користите автомобил, не тргнувајте никаде пред да го посетите автомеханичарот.

СТРЕЛЕЦ

Можни се проблеми во љубовните односи. Во минатото славевте мала победа со која на партнерот му ставивте на знаење каде му е местото. Денеска тоа даоѓа за наплата, а вашиот авторитет може да биде разнишан доколку своето его не го воздржите навреме.

ЈАРЕЦ

Посакувате конкретни работи. Сѐ околу вас е здодевно и не знаете за што да се фатите и тоа да го прогласите за ѕвезда водилка за денеска. Работата ви здодеала, а ни дома односите не се најдобри. Не се откажувајте, меланхолијата е минлива, исто како и денов.

ВОДОЛИЈА

Во годи близината на личност коешто ве инспирира на особен начин. Вистинско време е да повлечете конкретни потези и необврзувачкото познанство да го преточите во нешто подлабоко. Доколку своите идеи ги спроведете во дела, можени тоа ќе значи и почеток на една убава љубовна врска.

РИБИ

Во љубовните односи премногу сте ноншалантни. Вашето чезнеење по слободата моќе да биде поттик за непријатни расправии. Доколку не бидете сериозни и не ги орифатите критиките, обичната расправија може да прерасне во сериозен судир по кој следи разидување.