26.8 C
Skopje
петок, јули 30, 2021

Дневен хороскоп за четврток, 22 јули 2021 година

162

ОВЕН

Се потпирате на интиуцијата во текот на носењето на работните одлуки и преговори. Брачниот партнер се обидува да ве заинтересира, но не успева. Ве интересира исклучиво кариерата. Стабилно здравје.

БИК

Исти проблеми и натаму присутни: нервозни сте поради лошата финансиска ситуација, со надрената личност не наоѓате заеднички јазик. Благодарение на љубовта вашиот живот има смисла. Проблеми со притисокот.

БЛИЗНАЦИ

Загрижени сте поради финансиите. Се распрашувате што ви треба за добивање на кредит, но во исто време се плашите да го земете. Разговарате со брачниот партнер за позајмица. Нејзиниот став е прагматичен. Главоболка.

РАК

Одличен ден за состаноци и преговори. Надредената личност будно ги следи вашите потези. Изненадена е од вашиот успех, затоа што не го очекувала. Имате впечаток дека брачниот партнер е многу ладен кон вас. Не сте расположени.

ЛАВ

Изморени сте од премногу обврски на работа. Ви здодеало секогаш да се борите со тешкотиите. Ви следува ново познанство. Целосно сте несвесни дека сте оставиле силен впечаток на личноста од другата страна. Немате апетит.

ДЕВИЦА

Не успевате да се опуштите и да се фокусирате на обврските. Под стрес сте поради лошите финансии и тоа негативно влијае на вас. Немате волја да се видите со партнерот и го откажувате состанокот. Проблеми со циркулација.

ВАГА

Ситуацијата на работа е стабилна. Се се одвива на вообичаен начин. Нервозни сте во комуникацијата со партнерот. Тој и натаму е оптимистичен и се надева дека лошото расположение ќе помине. Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Имате субјективен впечаток дека сте неуспешни. Нивото на самодоверба е ниско. Врската е единствена област од животот со која сте задоволни и која ви дава сила да одите понатаму. Не сте расположени и депресивни сте.

СТРЕЛЕЦ

На полето работа ве очекува веќе стандарна лоша комуникација со колегите. Сите сте без пари, и тоа влијае на односите. Целосно сте незаинтересирани за емотивната сфера и сакате да бидете сами. Лоша циркулација.

ЈАРЕЦ

Добивате информација од колега кој ви помага да го унапредите проектот. Уверени сте дека ве чека успех. Целосно сте незаинтересирани за љубовното поле. Брачниот партнер е повреден од вашиот однос. Одлично здравје.

ВОДОЛИЈА

Фрустрирани сте поради ситуацијата на работа. Имате впечаток дека што и да направите, нема ефект и дека работата стагнира. Одржувате комуникација со симпатијата. Другата страна не е свесна за вашите намери. Губење на апетитот.

РИБИ

Вашите планови се оптимистички и сакате работниот успех да ви овозможи појавување во медиумите. Не сте задоволни од врската и конечно си признавате дека нема перспектива. Одлично здравје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.