Дневен хороскоп за четврток, 26 јануари 2023 година

Овен

Некој немир се вовлече во мислите, не можете да сфатите што е тоа што ве мачи. Напнатоста ви оневозможува да ја видите ситуацијата во реалноста, па затоа најдобро е да ги избркате тешките мисли и да го поминете денот со пријателите, забавувајќи се во дружење и муабет.

Бик

Должностите бараат концентрација и целосен ментален ангажман од вас. Фрустрирани сте од конфликтот помеѓу должноста кон другите и потребата да се задоволувате себеси. Ако најдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грчењето, а со тоа и од непријатното чувство дека ве користат.

Близнаци

Се чувствувате како да сте блокирани, како да се спречени сите ваши обиди да решите нешто на дипломатски начин. Избегнувајте конфликти со властите и побарајте поддршка кај помладите колеги кои се сочувствителни кон вас во овој период.

Рак

Ненадејниот пад на енергијата ве воведува во нервоза и напнатост. Отворените конфликти на работа можат да ве исфрлат од колосек. Работната средина во која се наоѓате е полна со негативен набој, па најдобро би било да се повлечете и малку да се одморите.

Лав

Не е поволен ден за договори. Одложете сè за некое време, бидејќи ако сега започнете нови преговори, може да ве чекаат големи компликации. Во моментов, подалеку од вашиот поглед се информациите кои се клучни за вашиот проект.

Девица

Постојано зборувате за промени, па станува заморно за вашата околина, особено за колегите. Своите стравови ги проектирате најмногу на женскиот дел од популацијата. Невнимателна изјава може да предизвика жесток конфликт, иако верувате дека сте добронамерни.

Вага

Лошите односи во вашата работна средина станаа неподносливи, па не ви преостанува ништо друго освен да размислувате за заминување. Ситуацијата не е поволна и свесни сте дека со заминувањето би ја искомплицирале и онака незавидната финансиска ситуација.

Шкорпија

Поради изразените промени во расположението, вие сте почувствителни, што може да доведе до големо искушение разнишаната љубовна врска. Во срцето сè уште чувате силни спомени од далечното минато, па сеќавањето на неуспешната голема љубов ја вознемирува вашата нова.

Стрелец

Транзитите ви носат шанса конечно на најдобар можен начин да ги претставите вашите идеи кои досега беа погрешно разбрани и да ја добиете поддршката од соработниците од кои најмалку сте очекувале. Пазете се од повреди, а особено внимавајте во сообраќајот.

Јарец

Ги надминувате вашите можности. Заморот кој ве мачи веќе некое време си го прави своето. Секојдневните задачи бараат повеќе труд од вообичаеното. Поради недостигот на сон ви паѓа и концентрацијата, па доколку не го решите следува сериозен пад на енергијата.

Водолија

Денот е идеален за сумирање на сработеното и планирање на идните активности. Управувајте со вашето време, но не го игнорирајте фактот дека сте дел од нечиј живот. Ако се одлучите само во рамките на личните интереси, некој до вас сериозно страда.

Риби

Преокупирани сте со финансии, партнерски односи и дилема за некаква инвестиција. Од вас се очекува да се прилагодите и вашата реакција е потребата да избегате. Совет е да истраете во се, бидејќи добивката што можете да ја постигнете не е занемарлива.