Дневен хороскоп за четврток, 8-ми декември 2022-ра

ОВЕН
Ќе носите одлуки кои ќе имаат важна улога во вашиот живот. Чувајте го умot свеж, не попуштајте на моменталното расположениетоментот. Другите ќе продолжат да ја бараат личноста со којашто сакаат да бидат. Во желба да се чувствувате добро ги запоставувате другите, а тоа не се одразува добро на никого. Размислете за тоа.

БИК
Прашањата поврзани со кариерата и домот ќе бидат меѓу главните што ќе ве преокупираат денеска. Ќе му пристапите на друг предизвик поврзан со вашата професионална определба или со вашата приватност, помалку ќе им верувате на другите и ќе ја следите сопствената мисла. Не дозволувајте да ве зафати депресија.

БЛИЗНАЦИ
Итните обврски може да ви го направат денот преоптоварен. Вестите ќе ве расположат. Имате шанса да покажете за што сте способни. Поволното решение на финансиско прашање ќе ви даде можност да ги задоволите вашите најблиски. Сепак, не дозволувајте да ве обземе претерано романтично расположение. Останете реалист.

РАК
Ќе влијаете на настаните околу вас, подложувајќи ги на вашето расположение и желби. Ништо лошо, доволно е да не им пречите на другите. Подредете ги вашите мисли и дадете приоритет на сопствените попрагматични намери. Можете да остварите некои од нив, доволно е да го побарате тоа. Романтично флертување со некој со кој делите заеднички интереси.

ЛАВ
Нерешените прашања денеска ќе преокупираат некои од вас. Не се нервирајте ако се појават недоразбирања, тактизирајте и пронајдете го вистинскиот тон, нема да влезете во неволја. Трпението на вашите најблиски заслужува награда, не занемарувајте ништо со што можете да ја изразите вашата почит. Имате чувство за работите, верувајте му.

ДЕВИЦА
Бидете непосредни, внимателни кон добрите манири без да тежнеете кон супериорност над луѓето коишто не ги делат вашите амбиции. Ако самите не се реализирате, животот ќе ве натера да стивнете и да ги потчинете вашите напори во служба на добрината, разумот и толеранцијата. А за оние кои ќе патуваат важат златните правила од претхдно кажаното.

ВАГА
Ќе имате корисни и пријатни средби со луѓе кои ќе соработуваат со вас на ново работно место. Работите на спроведување на вашите идеи и вложувате уште повеќе енергија отколку што е потребно. Имајте повеќе трпение и резултатите ќе ги има наскоро. Можни се разлики со партнерот, а тоа е главно ваша вина.

ШКОРПИЈА
Самодовербата кај вас е очигледна и без двоумење ќе продолжите да ги спроведувате сопствените намери. Ќе откриете проблем, чиешто решение ќе ви го ангажира времето и вниманието. Верувајте на деловен предлог и станете дел од тимот на неговиот носител. Ќе го подобрите односот со некого и тоа ќе ви го подигне расположението.

СТРЕЛЕЦ
Романтично сте расположени. Ќе ги плените луѓето околу вас со вашиот неодолив шарм. Внимавајте да не го повредите вашиот постојан партнер. Во деловните работи, ќе ги достигнете врвовите.

ЈАРЕЦ
Задржете го за себеи она што ве тера да се сомневате и дајте му шанса на партнерот да се изјасни. Финансиски проект ќе ви овозможи да ги расчистите долговите за да не западнете во зависност којашто може да го повреди вашето достоинство. Во расправиите барајте ја супериорноста со моќта на вашата мисла а не со емоциите.

ВОДОЛИЈА
Прагматично ќе ги користите познанствата за финансирање на иден проект. Комуникацијата со различни луѓе ќе ви даде чувство на важност, што во повеќето случаи не е без причина. Сепак, останете достапни и поттикнете ја блиската личност да го открие доброто во себеси.

РИБИ
Одморете активно денеска и не ја оставајте работата за подоцна, бидејќи со енергијата што ја имате ќе биде целосно губење време. Посветете се на вашите омилени активности и нема да ви биде здодевно ниту за момент. Здравјето ви е одлично, нема за што да се грижите. Вашите изрази на сочувство и емпатија за оние на кои им е потребна ви даваат повеќе сила отколку што сфаќате.