Дневен хороскоп за недела, 18-ти септември 2022-ра

ОВЕН
Доколку вашата нервоза и напнатост ја пренесувате на партнерот, големи се шансите кризата да ја префрлите и во вашата околина. Со помош на член од семејството ќе го вратите оптимизмот, иако реалната ситуација сепак бара голема претпазливост.

БИК
Правите компромис таму каде што не му е местото. Им робувате на одредени убедувањса кои не се рационални. Доколку денесла не го слушате советот на пријателот, за сето тоа би можеле да дознаете на непријатен начин. Верувајте во добродушноста на другите луѓе.

БЛИЗНАЦИ
Ќе имате шанса за активности кои можат да ве доведат до идејата да започнете приватен бизнис. Заладените односи со шефовите и лошата атмосфера ќе изродат тим од луѓе со кои можете да планирате самостоен бизнис.

РАК
Крајот на еден циклус на работа ќе ве направи многу горди. Вашиот удел е голем, а како награда очекувате материјална награда. Без оглед на вашите вистински заслуги, бидете подготвени дека финансиската добивка нема да биде сразмерна со вложениот труд.

ЛАВ
Вашата концентрација не е на завидно ниво. Најмногу размислувате за уживање со саканата личност и егзотични патувања. Со духот сте далеку од вашето место на живеење, па би било пожелно да се симнете од облаците кон крајот на денот, во спротивно, ќе ве следи болно враќање во реалноста.

ДЕВИЦА
Транзитите ви носат шанса конечно на најдобар можен начин да ги претставите вашите идеи кои досега беа погрешно разбрани и да ја добиете поддршката од соработниците од кои најмалку сте очекувале. Пазете се од повреди, а особено внимавајте во сообраќајот.

ВАГА
Се обидувате да започнете одново. Вие сте личност создадена за нови проекти, но овој ден не е поволен за тоа. Одложете ги важните одлуки, особено ако сте во искушение да ја прекинете соработката со луѓе за кои до денеска имавте одлично мислење.

ШКОРПИЈА
Иако сѐ изгледа ветувачко, деенска не е поволен ден за договори и какви и да се трансфери. Одложете го тоа за некое време, бидејќи ако сега започнете нови преговори, може да ве чекаат големи компликации. Во моментов надвор од вашиот видокруг се информациите кои се клучни за вашиот проект.

СТРЕЛЕЦ
Конечно би можеле да ја донесете одлуката што ја одложувавте многу долго. Откако ќе се предомислите и ќе се надминете себеси и својата нерешителност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин си давате слобода и себеси и на партнерот.

ЈАРЕЦ
Собирате храброст да ги пренесете вашите намери на членовите на семејството. Ситуацијата може да биде непријатна, но искреноста ќе се исплати. Не е се така црно како што сега ви изгледа. На крајот ќе добиете поддршка која сега воопшто не ја очекувате.

ВОДОЛИЈА
Мала пауза многу ви значи. Краткорочното полнење со позитивна енергија е поддржано од вниманието на саканата личност која несебично ве опсипува денес. Уживајте во вашата скапоцена пауза, ќе ви треба многу кондиција за обврските што претстојат.

РИБИ
Постои шанса да ви се оствари желбата да го промените работното место. Внимавајте, мора да бидете свесни, дека ако го направите тоа, влегувате во сосема нов живот по кој нема враќање назад. Размислете дали тоа е токму она што го сакате.