ОВЕН
Вашите професионални проекти се водечки и нема да дозволите случајноста да ја одреди вашата активност денеска. Роковите бараат да се фокусирате на вашата работа, нивното исполнување ќе ви ги обезбеди финансиите што ги очекувате. Роднините ќе ви помогнат да се справите со домашните работи без да влијае на вашето расположение.
БИК
Повеќето претставници на знакот ќе претпочитаат денеска да се одморат и да го минат денот дома во мир и приватност. Одамна ви требаше вистински одмор, затоа не се лишувајте од оваа можност сега. Нормално, ќе има и такви кои ќе останат верни на желбата за постојано движење или, подобро кажано, нема да сакаат да ги разочараат своите блиски кои се поактивни.
БЛИЗНАЦИ
Работата денеска ќе бара ваше целосно внимание. Верувајте си себеси и на вашата способност за комуникација. Бидете трпеливи. Позитивен исход за вас или за некој близок со здравствен проблем. Бидете позитивни и ќе постигнете разбирање. Успешна продажба на недвижен имот за некои од вас.
РАК
Задачите за денот ќе ги завршите според вашите однапред направеи планови. Не штедите напори и се трудите да ги задоволите вашите и очекувањата на луѓето околу вас. Бидете подготвени на лични компромиси. На моменти ќе ви биде тешко, но дефинитивно вреди да се проба.
ЛАВ
Добиените предлози ќе ги третирате со деловна грижливост и во напор да бидете успешни во секој потфат, ќе се трудите да бидете на што повеќе места. Внимавајте да не се расплинете и да се бидете помалку активни. Со вашите финансиски придобивки, ќе ги разгалите вашите најблиски, но и себеси.
ДЕВИЦА
Побарајте отворен дијалог со личноста којашто ве интересира и поттикнете ја на разговаа. Вашите очекувања ќе се зголемат, очигледно ќе слушнете нешто што ќе ви се допадне и тоа позитивно ќе се одрази на вашата денешна активност. Доаѓаат промени поврзани со вашиот дом, нова работа или брачна посветеност.
ВАГА
Во комуникацијата со колегите и деловните партнери денеска не бидете премногу наметливи. Променете го вашиот пристап и ќе го постигнете она на што претендирате. Побарајте ја близината на саканите со кои можете да ја споделите вашата возбуда. Тие ќе ви помогнат да ја вратите вашата ментална рамнотежа.
ШКОРПИЈА
Денот е прекрасен, во кој ќе можете целосно да се одморите. Не размислувајте за професионалните обврски и проблеми, туку минете го денот знимавајќи се со омилените активности. Партнерот ќе ве опкружува со внимание, но можно е да ја злоупотреби вашата добрина.
СТРЕЛЕЦ
Ќе ги следите сопствените поставени цели, амбициозни да ги доведете до успех. Нема да ви недостасува добро расположение и со пријателска насмевка ќе ги вклучите другите во вашата кауза. Ако побараат поддршка од вас, не одбивајте. Странските партнерски ангажмани даваат добри резултати. Споделени љубовни и сексуални желби.
ЈАРЕЦ
Малку е веројатно дека денеска ќе се соочите со тешкотии во активностите. Денот се обликува да биде многу мирен и плоден. На тешката задача ѝ пристапувате многу разумно и тоа ви заштедува многу непотребен труд. Можеби вашите пријатели имаат интересни планови за вас. Најдете слободно време и запознајте ги.
ВОДОЛИЈА
Вашето здравје се подобрува, а со тоа и сѐ останато. Денот е погоден за активност од различна природа. Брзите реализации, зделки или профитабилни аранжмани се некои од манифестациите што вашата снаодлива мисла и акција може да ги репродуцира. Но, дури и да сте убедени дека сте во право, доколку не се воздржувате ќе загубите.
РИБИ
Не сте убедени дека сѐ што треба да се направи е завршено. Размислете за вашето однесување во детали. Сепак, ќе мора да се вратите на започнатата и незавршената работа од последните денови. Заедно со тоа најдете време и за личните активности. Малку фитнес или друга активност за одржување на тонусот ви помогнале одлично, а зошто да не и промена на бојата на косата.