Дневен хороскоп за недела, 20 септември 2020 година

ОВЕН

Работа: Не е лоша идејата која ја имате, но моментално сконцентрирајте се на моменталните случувања и позицијата која ја имате.

Љубов: Не сте задоволни од партнерот во целост. Следете ја ситуацијата, но не избувнувајте.

Здравје: Бидете поопуштени.

БИК

Работа: Вашата работна страна може да биде задоволувачка во онаа мера колку што сте задоволни од својата работа.

Љубов: Сте посакале слобода која е далеку од вас. Константно мислите на саканата личност.

Здравје: Грлото ви е чувствително.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Можеби и премногу сте се потпреле на други луѓе и ја гледате нивната маана. Бидете конкретни и брзо реагирајте.

Љубов: Сакате да си играте и да заведувате, и слободно впуштете се во авантура.

Здравје: Солидно.

РАК

Работа: Тимската работа ви е најважна, а на чело е личност која знае да биде лидер.

Љубов: Вашите намери се искрени. Сликата ќе биде многу подобро за некое време.

Здравје: Не ви годи моменталната терапија.

ЛАВ

Работа: Понекогаш не се контролирате во својот настап, кој је протежиран со наметнување на својата волја кон другите.

Љубов: Ќе бидете концентрирани кон нешто подобра љубовна солуција и немате намера да се отворате пред непознати личности.

Здравје: Срцева аритмија.

ДЕВИЦА

Работа: Мора да бидете известени за се што се работи моментално во вашето опкружување.

Љубов: Ќе сакате многу подобар партнер, но кога подобро ќе размислите, добро ви е и со сегашниот.

Здравје: Кашлица.

ВАГА

Работа: Имате одлични идеи за нешто подоцна. Чекајте нови моменти во кои може да ги „берете“ своите плодови од успешната работа.

Љубов: Премногу сте дозволиле на својот партнер, а тој не умее тоа да го цени.

Здравје: Немате големи проблеми.

ШКОРПИЈА

Работа: Надевајте се на подобра финансиска ситуација од која и самите ќе се изненадите.

Љубов: Останувате финансиски расположени за своето опкружување, а интензивно се дружите со партнерот и ја засилувате комуникацијата.

Здравје: Чувствителни сте на одредена храна.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ќе бидете концентрирани кон странство, но не во онаа мера колку што сте сакале.

Љубов: Сакате да излегувате. Имате нагласено поле на емоции и го сакате партнерот крај себе.

Здравје: Проблем со крвниот притисок.

ЈАРЕЦ

Работа: немојте да влегувате во расправии со своите надредени. Бидете пристојни и истрајни.

Љубов: Премногу сте искрени, но и пасивни кога е емотивното поле во прашање.

Здравје: Посетете фитнес центар.

ВОДОЛИЈА

Работа: Имате одлични идеи, но внимавајте, затоа што може да наидете на негативни коментари.

Љубов: Не смеете да се оддалечувате од оние кои ве сакаат. Не покажувајте силен став за многу работи.

Здравје: Чувајте се од настинка.

РИБИ

Работа: Можеби сте подготвени за поголем предизвик, но се чувствува мал застој околу хартии и неможноста да се платат долгови од порано.

Љубов: Сконцентрирајте се на важни детали и не пробувајте некој од порано да го „давите“ со своите приказни.

Здравје: Направете систематски преглед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.