Дневен хороскоп за петок, 1-ви јули 2022-ра

ОВЕН
На повидок е финансиска придобивка, којашто ќе ја намали тензијата којашто ве мачи веќе извесно време. Не преоптоварувајте се со нови обврски, туку минете го денот со минимални деловни активности. Одложете сè што не мора да биде заврено денеска.

БИК
Имате многу планови и очекувате наскоро да започнете некои од нив. За жал, денесја не се очекуват големи промени, освен што неколку туѓи искуства ќе ве натераат да размислите дали патот по кој одите е најповолниот за вас.

БЛИЗНАЦИ
Не го добивте очекуваниот одговор за работата којашто толку многу ве заинтригира. Сепак, очекувајте вести кои ќе ја подгреат надеждта дека не е сѐ завршено. Ви претстои сериозен разговор и најдобро е навреме темелно да се подготвите.

РАК
Ве напнува мешањето на член на семејството во вашите одлуки. Објаснувајќи ги вашите одлични идеи, амбициозно започнувате разговор кој завршува катастрофално. Вашите вербални вештини денеска не се на завидно ниво, повлечете се.

ЛАВ
Полни сте со разбирање за другите луѓе, сепак, бидете внимателни бидејќи ве следат предизвикувачки понуди во кои некој ви ветува голема финансиска добивка. Денеска внимавајте со паритес, бидејќи доколку брзате, коцките ќе паднат токму онаму каде што најмалку очекувате.

ДЕВИЦА
Доколку се најдете со можност да потпишете некои документи, бидете внимателни бидејќи може да ви се прикраде грешка која подоцна нема да можете да ја поправите. Вашите промени во расположението можат да го збунат вашиот партнер и да го натераат да помисли дека повеќе не го сакате.

ВАГА
Ве заинтригира некоја нова личност и моментално се обидувате да се фокусирате на тоа. Не брзајте во нови љубовни авантури, особено ако сè уште не сте ги расчистиле работите со некој од минатото. Сеќавањата кои ве мачат можат да станат непремостлива пречка за нова романса.

ШКОРПИЈА
Конечно би можеле да ја донесете одлуката што ја одложувавте толку долго. Откако ќе се скршите и ќе се надминете себеси и својата нерешителност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин давате слобода, и себеси и на партнерот.

СТРЕЛЕЦ
Имате бујна фантазија, разновидни сет и полни со идеи, па големи се шансите да заработите од тоа. Сепак, за да постигнете некои поголеми цели ќе треба да жртвувате нешто, а најверојатно тоа е нешто поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.

ЈАРЕЦ
Можете да сметате на поддршката од вашите пријатели, бидејќи во изминатиот период тоа сте го заработиле од нив со вашата посветеност и пожртвуваност. Очекувате потпишување на важен договор кој ќе ја одведе вашата професионална кариера во друга насока.

ВОДОЛИЈА
Врската што ја чувавте во тајност наскоро ќе стане јавна. Партнерот ве сака повеќе отколку вие него, но вие не уживате во тоа. Неговите очекувања стануваат голем товар за вас, па сето тоа ќе биде силна причина сериозно да размислите за раскинување.

РИБА
Се стремите кон слобода, но подобро е да се воздржитем бидејќи не е поволен период за бунт. Извршете ги сите работни задачи дисциплинирано и навреме, само така ќе избегнете напнати аспекти кои можат да ви ја искомплицираат финансиската состојба.