Дневен хороскоп за петок, 14-ти октомври 2022-ра

ОВЕН
РАБОТА: Ја одложувате работата поради една личност, но услугата што ја правите не е добро. ЉУБОВ: Наспроти ваша волја се согласувате на компромисно решение или на варијанта предложена од вашиот партнер. ЗДРАВЈЕ: Ќе ви годи релаксација.

БИК
РАБОТА:Понекогаш одредени деловни цели го оправдуваат користењето на одредено средство, но сè има своја цена или граница.ЉУБОВ:Можете да ги постигнете своите намери на заобиколен начин, но ви недостига волја да се ангажирате пред блиска личност. ЗДРАВЈЕ: Искористете ја вашата интелигенција или некои скриени адути, контролирајте ја напнатоста.

БЛИЗНАЦИ
РАБОТА: Не треба да се грижите за нечии коментари и пропуштена шанса. Сегашната „загуба“ претставува нова лекција во деловното однесување. ЉУБОВ:Партнерот точно знае што сака да постигне. Блиска личност не ви дозволува да користите нови изговори за да ги одложите заедничките планови. ЗДРАВЈЕ: Опуштете се во блиско друштво.

РАК
РАБОТА: Дипломатската нота понекогаш станува неизбежна, а деловниот компромис е единственото правилно решение. ЉУБОВ:Партнерот очекува од вас да блеснете во полн сјај. Можеби ќе треба малку напор, но секогаш вреди да се проба. ЗДРАВЈЕ: Потребна ви е психолошка рамнотежа.

ЛАВ
РАБОТА: Влевате голема доверба, бидејќи во некои критични ситуации сте способни да ја донесете вистинската одлука. ЉУБОВ:Важно е да ги разберете оние што ги сакате. Потрудете се да постигнете емоционална блискост и да исполните нечии потреби. ЗДРАВЈЕ:Вие сте во одлична форма.

ДЕВИЦА
РАБОТА: Избегнувајте сомнителни околности и повнимателно анализирајте ги вашите соработници. Понекогаш има „скриени детали“ кои потешко се гледаат. ЉУБОВ: Не ја разбирате позицијата на партнерот за заедничкиит проблем, имате впечаток дека сте на спротивни страни. ЗДРАВЈЕ: Вечерта ќе ви годи излегување, прошетка или релаксација.

ВАГА
РАБОТА: Вашиот оптимизам и подготвеност да се соочите со различни проблеми позитивно влијае на околината. ЉУБОВ: Контролирајте ги вашите емотивни реакции пред личност која има различни афинитети или интереси.ЗДРАВЈЕ: Ќе ви годи социјална афирмација и прифаќање.

ШКОРПИЈА
РАБОТА: Упорно барате излез од комплицираните ситуации, но некој ве оптоварува со разни барања. ЉУБОВ: Избегнувајте ривалство или љубоморни сцени. Покажете и на вашата сакана личност дека имате слични потреби и користете „зрнце мудрост“ кога е потребно. ЗДРАВЈЕ: Ќе ви годи креативен одмор и психофизичка релаксација.

СТРЕЛЕЦ
РАБОТА: Докажувањето на правдата не е вашата примарна цел во овој момент. Не можете да влијаете на нечие однесување. ЉУБОВ: Партнерот не обрнува внимание на вашите коментари, имате впечаток дека ве држи настрана во врска со некои „тајни планови“. ЗДРАВЈЕ: Прекумерната грижа лошо влијае на вашата концентрација.

ЈАРЕЦ
РАБОТА: Можете да ги реализирате вашите деловни планови на интелигентен начин и без непотребни разговори. Прифатете различни стимулации. ЉУБОВ: Сочувајте ја вашата смиреност во средбата со вашата сакана личност. Понекогаш лесно го губите чувството за реалност. Гледајте на работите со поголем оптимизам. ЗДРАВЈЕ: Нема причина да се оптоварувате со лажни претчувства.

ВОДОЛИЈА
РАБОТА: Не се залажувајте дека нечии ветувања се доволна гаранција за деловен успех, повеќето работи можете да ги постигнете без надворешно влијание. ЉУБОВ: Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот отколку да започнете расправија или да создадете нова љубоморна сцена. ЗДРАВЈЕ: Обрнете внимание на работите кои позитивно влијаат на вашето расположение.

РИБИ
РАБОТА: Не ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, но порано или подоцна се си доаѓа на свое место. ЉУБОВ: Ви недостига трпение, а на партнерот му недостасува храброст или импулс да се соочи со заедничките проблеми. ЗДРАВЈЕ: Обрнете внимание на правилната исхрана и здравствената превенција.