Дневен хороскоп за петок, 16-ти септември 2022-ра

ОВЕН
Во годи близината на личноста којашто ве инспирира на посебен начин. Вистинско време е да повлечете конкретни потези и случајното познанство без обврски да ги претворите во нешто подлабоко. Доколку своите идеи ги спроведете во дела, можеби тоа ќе значи и почеток на една убава љубовна врска.

БИК
Неповолни деловни вести во доаѓаат од пријател или долгогодишен соработник кој се наоѓа далеку во странство. До крајот на денот ќе сфатите дека не е сѐ толку црно колку што на прв поглед ви се чини. На љубовно поле очекувајте изненадување.

БЛИЗНАЦИ
Внимателно испланирајте го денот и ќе бидете во можност да изградите нова деловна стратегија којашто долгорочно ќе ви донесе резултати на коишто ќе бидете многу горди. Насочете се на работата, а љубовта и семејните односи оставете ги настрана.

РАК
Доколку се најдете во можност да купувате нешто големо или да потпишувате некои многу важни хартии од вредност, бидете претпазливи бидејќи не е вистинскиот момент. Може да ви се поткрадне грешка којашто подоцна нема да имате шанси да ја исправите.

ЛАВ
Додека се справувате со неважни проблеми, ви се поткраднуваат големи работи. Фокусирани сте на сплетки во работното опкружување, па никако не успевате да ја согледате големата слика. Она што се случува денеска е неважно во однос на она што претстои. Чувајте ја силата за следните денови.

ДЕВИЦА
Иако одлично знаете што сакате, а имате и разработени планови, не е поволен моментот за големи потфати. Одложете ги сите видови вложувања, како и деловни одлуки, склони сте на грешки. Зајакнете го имунитетот, бидејќи ви се заканува вирусна инфекција.

ВАГА
Обврските трпат затоа што не сте концентрирани. Со мислите сте далеку, бидејќи однапред ги планирате активностите чијашто реализација сѐ уште е далеку. За да сторите нешто конкретно, морате темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со мечтаење.

ШКОРПИЈА
Доколку се најдете во можност да потпишете некакви документи, бидете претпазливи затоа што може да ви се поткрадне грешка што тешко подоцна ќе можете да ја поправите. Вашето променливо расположение може да го збуни партнерот и да го наведе да помисли дека повеќе не го сакате.

СТРЕЛЕЦ
Се трудите да се претставите посериозни и позрели отколку што навистина сте. Не ги истакнувајте туѓите ставови, бидејќи не потекнале од вас па не ми умееле да ги докажете. Држете се до сопственото мислење, бидејќи него секогаш можете да ги браните, дури и кога не сте во право.

ЈАРЕЦ
Ве очекува важен урок в кој морате да го надвладеете својот песимизам кој е едена од вашите особини која често работи против вас. Верувајте во своите интелектуални способности, но исто така морате да бидете свесни дека е нереално секогаш да сте во право.

ВОДОЛИЈА
Време е за реорганизација. Чистењето, како во сопствениот дом така и на работното место, ќе ви создаде амбиент за реализација на многу деловни проекти. Но доколку на момент се исклучите од сите професионални активности, ќе сфатите дека центарот на светот не сте вие.

РИБИ
Ова е поволен ден на домашните да им кажете сѐ што ви е при срцето. Имате шанса да започнете конструктивен разговор од кој ќе дознаете поединости за кои не сте ни сонувале. Станува збор за работи кои биле толку очигледни, но досега не сте ги сфаќале.