Дневен хороскоп за петок, 19-ти март 2021

ОВЕН

Иако не сте во потрага за нова работа, добивата нова понуда. Односот со партнерот е задоволувачки. Другата страна размислува за вашите финансии и смета на вашата финансиска помош. Чувајте се од повреди.

БИК

Заминувате на краток, службен пат. Делувате шармантно, добро и постигнувате успех. Врската има доза на динамика. Ранливи сте, и бурно реагирате. Партнерот е изненаден од вашето однесување. Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Ако сте приватник, разочарани сте од лошите резултати со оглед дека сте очекувале многу повеќе. Партнерот го разбира вашето нерасположение и успева да ве смири. Благодарение на нему, лесно ви е да продолжите понатаму. Наклонети сте кон нервирање.

РАК

Надредената личност иницира разговор. Имате целосно различен однос кон обврските. Вие сте оптимистични, но работата не може да се одработи брзо како што другата страна сака. Комуникацијата со партнерот е динамична. Наклонети сте на повреди.

ЛАВ

Прифаќате помош од помлад колега и тој многу ви помага во надминување на проблемите. Ве очекува разговор со брачниот партнер околу финансиите, и во текот на разговорот доаѓа до различни ставови. Можни проблеми со кожата.

ДЕВИЦА

Смислувате планови кои не можат веднаш да се реализираат, и поради тоа сте разочарани. Пред вас е случајна сребда со стар пријател. Го гледате со други очи – како потенцијален партнер. Нестабилен притисок.

ВАГА

Работната ситуација е стабилна и нема значајни случувања. Задоволни сте од финансиите.Во брак ве очекуваат тешкотии. Причина е нервозата на партнерот и неговот лесно испаѓање од такт. Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Не сте трпеливи. Сакате обврските да ги одработите во што пократок временски рок, но тоа е невозможно. Имате впечаток дека за некои работи треба повеќе време. Партнерот е многу нервозен, па се трудите да го опуштите. Можни се повреди.

СТРЕЛЕЦ

Размислувате за позајмица или кредит. Го користите денешниот ден за аплицирање. На работа се случува се вообичаено. Чувствителни сте и бурно реагирате. Брачниот партнер има мирољубив став. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Разочарани сте од промената на работните планови во последен момент. Таквите работи не ви годат затоа што сакате се добро да е организирано. Брачниот партнер зборува за проблемите на работа што не ве интересира. Неопуштени сте.

ВОДОЛИЈА

Несогласување со колегите ги доживувате на непотребно емотивен начин. Не успевате да остварите нормална комуникација ниту со емотивниот партнер. Потребна ви е караница за да се испразните. Лошо сте расположени, нервозни.

РИБИ

Вашата креативност е во полн залет. Смислувате нов работен проект. Имате впечаток дека секоја идеја е остварлива. Инсистирате на средба со другата половина. Сакате партнерот да ви се посвети во целост. Добро се чувствувате.