Дневен хороскоп за петок (20.03.2020)

ОВЕН

Ве очекува мала финансиска криза. Денешниот ден не ви е поволен за поголеми трошоци. Љубоморни сте и ве оптоварува сомнителноста која ја имате во партнерот. Наредниот ден ви носи компликации. Избегнувајте алкохол.

БИК

Многу драстични промени на ова поле денеска ве очекуваат. Доста работи сега ви се менуваат, и не сте сигурни во својата иднина. Ако имате партнер, со него ќе успеете да остварите добар однос. Чувајте ги бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е фаза која може да биде многу поволна. Судбината ви е наклонета за работа сега. На полето љубов ве очекува нова средба и познанство со личност која ќе биде оригинална и посебна. Проблеми со крвна слика.

РАК

Ве очекува опуштена фаза за работното поле. Денешниот ден не ви носи премногу промени и обврски. Може да очекувате дека ќе успеете да направите она што можете за да го сочувате бракот. Ќе ви годи вежбање.

ЛАВ

Очекувајте нова шанса за работа. Пред вас е поволен период за да се определите за промени. Односот со вашиот партнер во голема мера зависи од вашето поставување кон него. Проблеми со варење на храната.

ДЕВИЦА

Ве очекува прилика за склопување на нова работа која ќе ви биде значајна на долги патеки во иднина. Можно е да покажувате несигурност во комуникацијата со симпатијата. Генерално добро здравје.

ВАГА

Ќе успеете да ги остварите своите планови. Работата ви оди од рака и задоволни сте со себе. Можно е да не сте сигурни во партнерот и често наоѓате различни причини да се сомневате во неговата искреност. Прошетајте.

ШКОРПИЈА

Во текот на денешниот ден ве очекуваат компликации и проблеми кога е во прашање работата. Подготвени сте да и покажете на саканата личност какви се вашите намери кон неа. Пред вас е поволен период. Добро здравје.

СТРЕЛЕЦ

Ви доаѓа значајно подобрување на односот со надредените и колегите. Ве очекува поволна фаза. Доколку имате проблеми со саканата личност, ќе успеете да ги решите. Имате многу енергија.

ЈАРЕЦ

Немате доволно енергија за нов почеток на работата. Денеска на некој начин би било најкорисно да одморите. Посветени сте на вашиот однос со саканата личност, и важно е меѓу вас да биде се совршено. Внимавајте на циркулацијата.

ВОДОЛИЈА

Доколку соработувате со Шкорпија, ве очекуваат проблеми во комуникацијата. Постои голема тврдоглавост од двете страни. Поволен ден за нови случувања на полето љубов. Генерално добро се чувствувате.

РИБИ

Очекувајте разговор за работа кој ќе ви биде значаен денеска. Во новиот партнер сте ги откриле сите квалитети кои долго сте ги барале. Ова е период во кој ќе сонувате за брак. Водете сметка околу срцето.